Инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во животот
Сите се плашиме од промени иако знаеме дека тие се добри за нас. Времето лета. Веќе измина повеќе од половина од годината. Како да беше вчера кога правевме планови за новата 2016-та година од типот да се храниме здраво, да вежбаме, да читаме повеќе, повеќе да се трудиме на работа и слично. Колку од тие планови имате остварено? Веројатно многу малку. И секоја година се случува истото. Зошто е тоа така? Најпростото објаснување е дека животот е таков. Наидуваме на постојани пречки на патот поради што забораваме на нашите приоритети, а понекогаш се случуваат непредвидени ситуации за кои не можеме да бидеме подготвени. Тоа е сосема нормално и не треба да се чувствувате лошо. Има уште 4 месеци до крајот на годината за да ги реализирате направените планови. Сѐ што ви треба е малку мотивација. Лесно е да се најде мотивација, но многу потешко е да се задржи истата. Можете да си купите нов убав бележник, можете да го исполните телефонот со потсетници и аларми или едноставно да го замолите вашиот најдобар пријател да ви кажува по некој мотивирачки збор одвреме-навреме кога ќе се обесхрабрите.
Сите имаме една голема цел која сакаме да ја оствариме до крајот на годината, но речиси секогаш ја оставаме за наредната година. Вашиот изговор сигурно гласи: „Немам мотивација сега тоа да го правам!“ и тоа звучи уверливо, но што ако само се плашите од промена? Можеби го одложувате аплицирањето за нова работа или посетата во салата за вежбање затоа што вака сте свикнале да живеете и вака ви е удобно. Но, запрашајте се дали сте навистина среќни. Нема ништо лошо во тоа да се биде исплашен, но тој страв може да ве спречи да станете личноста која сакате да бидете, а тоа е многу штетно за личниот развој. Следниве инспиративни цитати ќе ве поттикнат да почнете да работите на остварувањето на вашите цели и ќе ви ја дадат потребната мотивација…
Никогаш не е доцна да ја смените насоката во која се движите
„Не е важно колку далеку сте стигнале на погрешниот пат, бидејќи секогаш можете да се вратите назад.“
Секој ден стремете се кон тоа да ги постигнете вашите цели
„Запрашајте се дали тоа што го правите денес ве носи поблиску до она што сакате да бидете утре.“
Не ги мешајте работите
„Запрашајте се: Дали сте навистина среќни или само ви е удобно онаму каде што сте?“
Нема ништо полошо од тоа самите да си ја уништувате можноста да бидете среќни
„Развојот е болен. Промената болна. Но, ништо не е поболно од тоа да останете заглавени некаде каде што не припаѓате.“
Дури и најмалите чекори прават разлика
„Не е важно колку бавно се движите сѐ додека не застанете.“ – Конфучие
Потребно е време за да се направи промена
„Не размислувајте за тоа што може да се случи за еден месец. Не размислувајте за тоа што може да се случи за една година. Фокусирајте се на 24-те часа пред вас и направете сѐ што можете за да се приближите до крајната цел.“
Никогаш нема да бидете целосно подготвени за најважните моменти во животот
„Ако чекаме да дојде времето кога ќе бидеме подготвени, ќе чекаме до крајот на животот.“ – Лемони Сникет
Никогаш не се откажувајте од она што најмногу ви значи
„Бидете тврдоглави кога се работи за вашите цели и флексибилни кога се работи за вашите методи.“
Најдобрите делови од животот се надвор од вашата зона на удобност
„Најубавите нешта никогаш не потекнуваат од удобните зони.“
Ве очекуваат толку многу прекрасни работи
„Вашиот живот содржи многу поглавја. Немојте да се изгубите во оние каде што сте сега.“
Секогаш гледајте напред кон иднината
„Тајната на промената лежи во тоа да ја насочите целата ваша енергија не во борбата со старото, туку во изградбата на новото.“ – Сократ