Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот

Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот

Вашиот поглед кон животот е многу различен од оној на другите луѓе. Вам можеби ви е важна љубовта, додека на некои им е важно богатството или судбината. Без разлика како го гледате животот, сè се сведува на желбата да бидете среќни и исполнети. Сепак имаме само еден живот, па правете грешки, почнувајте одново, танцувајте, љубете и живејте. Искористете го максимумот од секој момент, а овие цитати ќе ве инспирираат да го направите токму тоа.

Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот

Цитати за задоволство

„Сјајот на една топла мисла за мене вреди повеќе од пари.“ – Томас Џеферсон

„Секој ден носи свои дарови.“ – Марко Аврелиј

„Ако го гледате она што го имате во животот, секогаш ќе имате повеќе.“ – Опра Винфри

„Секогаш едноставното е она што го произведува неверојатното.“ – Амелија Бар

„Нема поголем дар што можете да го подарите или добиете од ценењето на вашиот повик. Тоа e причината што сте родени и начинот на кој ќе станете навистина живи.“ – Опра Винфри

Цитати за важноста на вербата во себе

„Штом ќе веруваме во себе, можеме да ризикуваме со љубопитност, чудење, спонтаност или кое било искуство што го открива човечкиот дух.“ – Е. Е. Камингс

„Следете го вашето задоволство и универзумот ќе отвори врати онаму каде што имало ѕидови.“ – Џозеф Кампбел

„Доволни сте онакви какви што сте.“ – Меган Маркл

„Мојата мисија во животот не е само да преживеам, туку да напредувам.“ – Маја Анџелоу

„Не е важно од каде сте дошле, важно е каде одите.“ – Ела Фицџералд

„Ако не можам да правам големи нешта, можам да правам мали нешта на голем начин.“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор

Цитати за моќта на имагинацијата

„Моќта на имагинацијата нè прави бескрајни.“ – Џон Муир

„Еден молив и сон можат да ве однесат секаде.“ – Џојс Мајер

Цитати за исполнување на соништата

„Сè што ви е потребно се планот, мапата и храброста да тргнете кон вашата дестинација.“ – Ерл Најтингејл

„Ајде сега да ја создадеме нашата иднина и ајде да ги направиме соништата утрешната реалност.“ – Малала Јусуфзаи

„Живеам во можности.“ – Емили Диксон

„Се будам полн со волја и енергија знаејќи за успехот кој се наоѓа пред мене.“ – Зане Греј

„Тајната за успехот е постојаноста кон целта.“ – Бенџамин Дисраели

„Никогаш не сте премногу стари за да поставите нова цел или да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис

Цитати за тајната на среќата

„Среќата не е нешто што го одложувате за во иднина. Тоа е нешто што го дизајнирате за сегашноста.“ – Џим Рон

„Среќата е пеперуга која кога ја бркате секогаш ви е надвор од дофат. Но ако седите мирно, можеби ќе слета на вас.“ – Натаниел Хортон

„Среќата не е случајност, туку избор.“ – Џим Рон

„Среќата често се провлекува низ врата која не сте знаеле дека сте ја оставиле отворена.“ – Џон Баримор

„Не го наоѓате среќниот живот. Го создавате.“ – Камилија Ејринг Кимбол

„Најистрошени денови се оние без смеа.“ – Е. Е. Камингс

Цитати за добрината

„Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно“ – Роналд Дал

„Го добивате она што го давате.“ – Џенифер Лопез

„Обидете се да бидете виножито во нечиј облак.“ – Маја Анџелоу

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар