Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозе

Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозе

Често слушаме за успешни атлетичари кои доаѓаат од Африка, но Јужноафриканецот Оскар Писториус не е сличен на кој било од нив. Тој е спортист кој покажува дека човечката волја и упорност можат да го надминат секој хендикеп. Иако речиси цел живот е без двете нозе, тој страсно се занимава со атлетика. Трча со помош на протези на нозете, поради кои го добил прекарот Блејд Ранер.

Неговото спортско мото е: „Не си хендикепиран поради хендикепот што го имаш, туку си способен заради способностите кои ги поседуваш“.

Значењето на Оскар за спортот и за човештвото најдобро го објаснува новинарот на Дејли Мејл, Џон МекИвој:

„Оскар е великан на модерниот спорт. Пионер. Владее не само со возможното, туку и со она што изгледа невозможно“.

Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеОскар е роден во Јужна Африка на 22 ноември 1986 година без една од двете коски кои го држат долниот дел на ногата. По совет на лекарите, неговите родители со тешко срце решиле да се согласат неговите две нозе да бидат ампутирани од колената надолу додека бил на единаесетмесечна возраст. Лекарите сметале дека со тоа што Оскар ќе ги загуби двете нозе пред да прооди ќе го поштеди од трауми поради страшната загуба, а подоцна ќе му овозможи подобра подвижност. Набргу ги добил првите протези за нозете, со кои брзо научил да се движи.

Неговото семејство било „заразено“ од спортот. Малиот Оскар ја делел оваа страст со останатите членови на неговото семејство, па љубопитно се испробувал во сите спортови, се разбира, со огромна поддршка од нив. Најмногу сакал да се занимава со ватерполо и рагби, а пробал и крикет, тенис, борење и триатлон.Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеИнспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеВо јуни 2003 година го повредил коленото на еден рагби натпревар за неговото средно училиште, по што се плашел дека неговата спортска кариера ќе заврши на само 16-годишна возраст. По совет на неговиот лекар, почнал да трча за да ја забрза рехабилитацијата. Тоа е моментот кога неговиот живот добил нова насока по што тој никогаш не погледнал назад.

Оскар почнал да учествува на трки на 100 метри за училиштето, а неговиот професор и тренерите останале запрепастени од тогаш 17-годишниот атлетичар без нозе. Неговиот резултат на 100 метри бил импресивен, а на 200 метри успеал да истрча побрзо од тогашниот светски рекорд на атлетичар со хендикеп. Веднаш влегол во параолипмиската атлетска репрезентација на Јужна Африка, со која на меѓународните натпреварувања со леснотија ги рушел светските рекорди на 100, 200 и 400 метри.Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеНеверојатно силната волја и амбициозност на овој човек засилена од извонредните постигнувања на спринтерските трки, кај Оскар родиле идеја да им се спротистави и на атлетичарите кои трчаат без никаков хендикеп. Првата трка му била во Јужна Африка каде што завршил шести, по што почнал да добива покани и за меѓународни натпреварувања. Првата покана од Светската атлетска федерација ја одбил поради училишни обврски, но се јавил на втората постигнувајќи второ најдобро време во Б трката.Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеНесекојдневно добрите времиња на Оскар ги натерале експертите да се запрашаат како тој без нозе успева да ги предизвика најдобрите атлетичари. Неговите протези биле испитувани на Универзитетот за спорт во Келн, каде што било утврдено дека благодарение на нив добива нефер предност пред тркачите без физички хендикеп. Му било забрането да трча против тркачите без хендикеп, по што Писториус започнал долга правна битка пред независните спортски судски органи. На крај успеал да докаже дека покрај одредени предности, трпи и одредени потешкотии против кои мора да се бори додека трча.

„Ако моите вештачки нозе ми даваат предност како што тврдат некои луѓе, тогаш ќе имаше многу повеќе ателтичари со ампутирани нозе кои ќе ги користеа потполно истите протези како мене и ќе трчаа времиња исти како моите, но тоа не е случај,“ одговорил тој на овие тврдења.

Долгата борба го спречила да се квалификува на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година. Кога го прашале дали би прифатил специјална покана да се натпреварува, тој одговорил:

„Не верувам дека би прифатил. Ако треба да трчам во Пекинг тоа би требало да биде затоа што сум се квалификувал“.

Инспиративната животна приказна на Оскар Писториус – атлетичарот без нозеПотоа се сконцентрирал на онаа во Лондон во 2012. Иако нема истрчано доволно добро време за настап во индивидуална конкуренција, Олимпискиот комитет на Јужна Африка му даде можност да биде дел од штафетата 4х400 метри.

Денеска тој е глобален амбасадор на фондацијата Мајнсикер, чија мисија е пронаоѓање нагазни мини и нивно отстранување.

Колку за илустрација, времињата на Оскар Писториус се за секунда до две послаби од светските рекорди на 100, на 200 и на 400 метри. Неверојатно но вистинито, неговите резултати на 200 и на 400 метри се подобри од официјалните државни рекорди на Македонија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар