Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

Оваа инспиративна приказна одлично ќе им дојде на сите кои сакаат да ослабат, а немаат инспирација за тоа. Ова е приказната на Виктор Цветиќ, 21-годишно момче од Скопје кое успеало со труд и дисциплина да намали 70 килограми од својата телесна тежина за само 11 месеци.

Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

Иако до четиринаесетгодишна возраст бил спортски активен како голман во еден скопски фудбалски клуб, поради сплет на околности, Виктор почнал утехата да ја бара во храната и за само 4 години достигнал 150 килограми. Тогаш решил да каже стоп и да преземе нешто за своето здравје и за својот изглед.

„Големо предупредување добив кога бев да ми земат крв за испитување. Резултатите беа катастрофални, имав покачен крвен притисок, холестеролот ми беше на високо ниво, ми беа замастени виталните органи. Тогаш докторот ми рече – ‘Дечко, ако продолжиш вака нема да доживееш 40 години.’“

Покрај здравствените проблеми и предупредувањата од докторите имало уште еден интересен момент кој за Виктор претставува пресврт и поттик да промени нешто во начинот на живеење.

„Како капак на мојата одлука, дојде и моментот кога запознав една девојка и нормално машко како машко го фаќа инат. :)“

Неговото дневно мени цели 11 месеци се состоело од чаша свежо исцеден сок од портокали за појадок и две чаши јогурт за вечера. За ручек, три дена во неделата јадел месо и риба, а останатите денови во неделата 1 килограм диња. Покрај тоа, секојдневно пиел и по огромни количини вода.

Но, одењето по овој трнлив пат не било воопшто лесно, бидејќи лошите навики не е лесно да ги промениш. Сепак, за ништо не се кае и се гордее на својата одлука и решителност.

„Дефинитивно најтешко ми беше да се откажам од брзата храна, бидејќи имав создадено лоша навика да ја јадам секојдневно. Секогаш гледав да јадам брзо зготвена храна, којашто најчесто се состоеше од греење или подготвување на секаков вид тестенини и месо во микробранова печка.

Тоа беше голгота од 11 месеци, којашто беше исполнета со секојдневни напори. Најголемиот проблем беше да се уништат старите навики кон исхраната. Добри 4-5 пати ми дојде да се откажам, но секој пат, кога и да ми дојдеа такви мисли, се потсетував на една стара изјава на легендарниот боксер Касиус Клеј (подоцна Мoхамед Али) – ‘Го мразев секој момент од моите тренинзи, но секој пат си викав во себе, страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион’.

Можам да кажам дека откога почнав да вежбам, апсолутно за ништо не зажалив. Од самиот момент кога одлучив, работите тргнаа на подобро. Тоа беше мојата најважна животна одлука, зад којашто стојам до ден-денеска и до која ќе стојам до крајот на животот.“

Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

Покрај режимот на исхрана, Виктор секојдневно вежбал, а вежбите и интензитетот се зголемувале како што се намалувале килограмите. Покрај тоа внимавал и на спиењето.

„Почетокот како почеток – започнав од нула, односно само со одење по кејот на Вардар по 5 километри на ден. Кога стигнав до 130 килограми, малку по малку почнав да се пренасочам на возење велосипед. Тренирав секојдневно, а кардио вежбите ми беа приоритет. Како слабеев сѐ повеќе и повеќе, применував вежби со повисок интензитет, за на крајот да успеам да извозам тури со велосипедисти од над 100 километри во еден ден.“

„Спиев минимум 6 часа на ден. Строго легнував најкасно во 1 часот и се будев секое утро во 7 часот, за да го започнам денот со добра прошетка на планина или на кејот на Вардар.“

На прашањето колку му се променил животот за време на овој процес и отпосле, тој најмногу се осврнува на промената на погледите во животот и поместување на границите и лимитирањата.

„Мојот живот не се смени толку, колку што ми се смени погледот кон животот. Промената најмногу ја почувствував во мојот карактер, бидејќи успеав да си докажам на себеси дека не постои пречка којашто ќе ме оддалечи од успехот.

Ми се поместија границите во животот, а тоа мислам дека беше најголемата награда после целиот процес на слабеење. Ако до вчера бев личност за којашто успех беше да изигра добра партија на компјутер со пријателите, денеска успех ми е да пренесам порака којашто ќе ги смени животите на многу луѓе.“

Откако успеал да се врати на нормална тежина, тој не прекинал тука. Виктор постојано внимава на исхраната и вежбањето. Не само што го одржува својот изглед, туку и секогаш цели на едно скалило повисоко.

„Се разбира кога нели ќе ја исполните целта станувате гладен за поголем успех. Па така до 2013 година се ориентирав кон чистење од масти, бидејќи тоа е процес којшто е макотрпен и долг. Пред сѐ, главен проблем е храната, бидејќи треба да се привикнете на алкалната диета односно јадење исклучиво суров зеленчук и овошје. Вака успеав да го симнам присуството на масти во моето тело на 7 проценти.

Последниве шест месеци, сакав успехот да го кренам на малку повисоко ниво, па се придржував на исхрана за зголемување на мускулната маса, односно консумација на многу месо и јаглехидрати и секојдневно посетување на тератана. Ја зголемив мојата телесна маса од 80 килограми на 94 килограми, а последниве 2 недели сум на чистење односно намалување на мастите во моето тело. Моментално тежам 89 килограми, а до 10 ти август според планирањето, со соодветни тренинзи би требало да стигнам до 85 килограми со 6-7 проценти присуство на масти.“

Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

Овие неколку збора за крај, можат да ви бидат инспирација за успех на секое поле од животот. Виктор успеа, зошто да не и вие?

„Здравјето е најважното нешто што човекот може да го поседува во текот на животот. Ако вие не се грижите самите за себе, не очекувајте луѓето околу да се грижат за вас. Луѓето се обесхрабруваат најмногу од туѓите мислења. Само одлучете дека сакаат да ослабнете… нема причина зашто не би ја постигнале целта ако цврсто се решите. Општо за сите работи во животот, треба да ја жртвуваме сегашноста за иднината.

Додека јас бев во процесот на слабеење, имав многу критики од домашните, од пријателите, од познаници… секоја можна критика ја примив, секоја можна препрека ја поминав … многу работи ми кажаа само една не ми кажаа – како да се откажам. Сфатете ја вредноста на животот, затоа што животот нема реприза.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Princeza Reply

    Sekoja cest vi posakuvam dobro zdravje i dolg i sreken zivot

  2. azt Reply

    bravooooooooooo

  3. Виктор Цветиќ Reply

    Благодарам многу ! , ако сакате советче некое за слабеење или исхрана, https://www.facebook.com/jus.primus.16 слободно исконтактирајте ме :)))) поздрав !

  4. Надица Reply

    Секоја чест!

  5. JORDANKA Reply

    Znam deka ne e lesno ali bravo za uspehot

  6. wow Reply

    sekoja cest covek za pocit i otkako ja procitav prikaznata i mene mi dojde da oslabam

  7. Д:А Reply

    БРАВО!
    Секоја чест за момчево,треба да претставува пример и инспирација за сите кои мислат дека нема да успеат во борбата против вишокот килограми.
    Доказ дека кога се сака,се се може.

  8. irena Reply

    Несакам да бидам хејтер и секоја чест на изгубените килограми ама диетата која е напишана погоре воопшто не е здрава и ни оддалеку не се приближува до дневните потреби на која и да било личност а да не ја спомнувам и разновидната исхрана и застапеноста на макро и микронутриенти. Се надевам дека никој нема да си ја земи здраво за готово и да почни да ја следи.

Остави коментар