Инспирација од јапонската култура: Кокеши кукли на велигденски јајца
Сѐ уште не смисливте како да ги бојадисате јајцата за Велигден? Иако шарените бои се најчестиот избор на многумина, понекогаш е добро малку да ги промените начините на украсување за вашата трпеза да заблеска и да се издвојува од останатите кои се слични едни на други. Нам многу ни се допадна идејата на вака насликаните јапонски Кокеши кукли како еден нов и иновативен начин за украсување, па решивме да ги споделиме и со вас.
Кокеши куклите се познати во целиот свет, а своето потекло го влечат од северна Јапонија. Изгледаат многу едноставно, се изработуваат од дрво и се карактеризираат со поголема глава на која со тенки линии е исцртано лицето.
Занимливо е тоа што тие немаат ниту раце, ниту нозе, па нивното сликање на јајцето е уште поедноставно. Инспирирајте се со изгледот на вака украсените јајца, и ако ви се допаѓаат, украсете ја вашата празнична трпеза на еден ваков занимлив начин.