Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда

Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда

Запознајте се со двегодишната ѕвезда Аурора Каиро, уште позната како Рори, нејзината мајка, Кајла Мур, и нејзиниот татко, Јавон Каиро, од Тексас. И двајцата родители имаат 23 години и нивната ќерка била родена со дефект. Имено, уште кога Кајла била во петтиот месец од бременоста, лекарот им рекол дека десната нога на бебето не се развива.

Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда

По неколку месеци, ногата на Рори била ампутирана и таа немала компликации затоа што за неа се грижеле прекрасни лекари. Рори има неверојатен напредок, а луѓето се импресионирани од тоа што таа го освоила првото место на натпреварот за трчање. Мур вели:

„Рори е одлична. Програмата е главно за учесници кои имаат пречки во развојот и физички инвалидитет, па реално секој победува.“

Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда

Нејзината мајка исто така вели дека Рори станала многу позната, со што инспирира многу луѓе ширум светот кои ѝ се восхитуваат на нејзината убавина, уживаат во нејзината среќа и го вреднуваат нејзиниот напредок.

Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда

Таа е многу позната и на социјалните мрежи каде што ја опишуваат како вистинска инспирација и благослов и ги поттикнува другите да бидат благодарни за она што го имаат во животот.

„Рори се стреми да ги направи работите најдобро, без разлика дали станува збор за физикалната терапија, учењето или да биде авантурист. Ние имаме бескрајна верба дека таа ќе постигне сѐ што ќе помисли, затоа што е амбициозна, храбра и оптимист“, вели Мур.

Инспирација и мотивација: 2-годишно девојче со вештачка нога е голема ѕвезда


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар