Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

Шели Гифорд без сомнение ја совладала уметноста на плетењето на косата. Секое утро, таа ја плети косата на нејзината 6-годишна ќерка Грејс во најразлични плетенки. Пред да оди на училиште, Шели планира како да ја стилизира косата на нејзината ќеркичка и размислува што сѐ ќе вклучи во нејзините идеи. Вообичаено ѝ се потребни 20 минути за да ги заврши фризурите, а доколку понекогаш смета дека ќе ѝ биде потребно повеќе време, тогаш таа ја зачувува идејата за викендот.

Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

„Најдов профили на Интернет кои се специјално наменети за стилови на коса и мајките кои ги направиле тие дизајни на косите од нивните ќерки. Ми се допадна тоа што го видов и тогаш решив да отворам и свој профил на Фејсбук и Инстаграм. Обожавам да учам нови стилови и да ги унапредувам своите вештини. Опседната сум со коса“, вели Шели.

Некои од фановите се прашувале како нејзината ќерка седи мирно толку време, а Шели им објаснила дека Грејс е навикната да носи плетенки уште од малечка.

Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

„Греј сака сѐ што е убаво и стилови кои може самата да ги види на огледало, како на пример страничната плетенка“, дополнува Шели, велејќи дека нејзините фанови најмногу ги сакаат оние дизајни во кои е вклучено по некое срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар