Имигранти опишуваат каков е нивниот живот во Австралија

Имигранти опишуваат каков е нивниот живот во Австралија

Според последниот извештај за среќа, Австралија е една од најсреќните држави во светот. Државата се наоѓа на 10-тото место, а австралиските имигранти на 6-тото. Па што е толку посебно за оваа држава што привлекува луѓе од целиот свет? Погледнете што имаат да кажат неколку имигранти од Украина и Русија за нивниот живот во Австралија.

Имигранти опишуваат каков е нивниот живот во Австралија

1. Пријателската настроеност и односот на Австралијанците со имигрантите

Австралија е држава на имигранти и воопшто нема национализам. Понекогаш може да ви постават прашање што мислите за политичката ситуација во државата, но тоа е само затоа што сакаат разговорот да тече. Нема многу Руси, па луѓето биле љубопитни како тие стигнале до Австралија.

Омилената фраза на Австралијанците е „Без грижа!“ и секогаш се подготвени да помогнат. На еден од мигрантите од Русија му недостигал црниот хумор, но Австралијанците го избегнувале, бидејќи сакаат да бидат фини.

2. Домови

За да изнајмите двособен или трособен апартман во Канбера, ќе ви бидат потребни 2.000-3.000 австралиски долари, или 1.200-1.800 евра месечно. Недвижностите се навистина скапи во Сиднеј. Една куќа на периферијата може да чини околу 1 милион австралиски долари, односно околу 600.000 евра.

Луѓето обично изнајмуваат станови и ги делат со цимери. Цимери можете да најдете на Фејсбук или на посебни веб-сајтови. Станбените згради се услужени од компании за управување со имот. На пример, тие ќе ви обезбедат водоводџија кој ќе дојде за 10 минути и ќе поправи што е потребно. Исто така можете слободно да го оставите сам во домот, бидејќи ништо нема да ви украде.

3. Транспорт

Во Бризбејн има апликација што нуди информации за 3 вида транспорт – воз, автобус и речен транспорт. Реката минува низ целиот град и не замрзнува, па можете да ја користите секогаш. Секој вид транспорт има иста цена. Понекогаш возачите дозволуваат да не платите ако немате кеш, бидејќи не примаат картички.

4. Шопинг

Ќе ви бидат потребни околу 400-900 австралиски долари за храна секој месец, односно околу 250-550 евра. Продавниците затвораат во 6 попладне, а големите продавници се отворени до 11 часот навечер. Во четврток сè е отворено до доцна навечер и луѓето ги купуваат сите неопходни продукти пред викендот.

Цените зависат од брендот и квалитетот. Добриот леб чини 3 евра, млекото речиси исто, а шише вино чини околу 12 евра. Исто така можете и да се ценкате во некои продавници.

5. Национална храна

Еден од традиционалните оброци во Австралија е пита со месо и други кисели состојки. Питите се продаваат замрзнати и половина приготвени. Исто така можете да најдете месо од кенгур и крокодил.

6. Забава

Државата е одлична за оние кои сакаат релаксирачки прошетки. Целата држава е како голем национален парк и за време на викендите Австралијанците одат на прошетка и минуваат време во шумата со нивните семејства. Често посетуваат и ресторани бидејќи цените не се многу високи. Храната најчесто чини исто колку и да ја приготвите дома.

Во Австралија има цела култура на кафе. Локалните жители сакаат добро кафе, а Старбакс им е синоним за лош вкус. Единствениот недостаток на ноќниот живот во Сиднеј е тоа што сè затвора многу рано. Не можете да одите во ресторан после 10, а клубовите затвораат после 2 или 3 часот наутро.

7. Социјална поддршка и почитување на законот

Државата ги поддржува невработените. Невработените добиваат толку многу пари од власта, па воопшто не треба да работат, и затоа некои луѓе одлучуваат да живеат вака.

Секој знае дека кршењето на законот води до строги последици. Ако ве фатат, ќе ве казнат. По правило, доволно е да ве фатат еднаш за да сфатите дека казните се превисоки и дека подобро е да не го кршите законот.

8. Работа

Австралијците не се контролираат едни со други и не обрнуваат внимание колку време сте поминале во канцеларија, кога сте пристигнале или кога сте си заминале. Вработените се оценувани според резултатите од нивната работа. Исто така можете да земете долг одмор, доколку ви е потребен.

Постои одлична рамнотежа помеѓу работата и слободното време. Малку луѓе градат кариера за да се наполнат со пари. Луѓето знаат дека сè ќе биде во ред и не обрнуваат внимание на вашите пари. Речиси секој може да си дозволи автомобил од 80.000 евра.

Без разлика каква работа имате, можете да заработите добро. Добро е што постои и атмосфера на поддржување – сите ви честитаат на успесите, ви честитаат родендени и навиваат за вас. Ако создадете нешто ново и објаснете како функционира, колегите ќе ви честитаат. Доколку родите дете, колегите повторно ќе ви честитаат.

9. Дневни распореди

Социјализацијата е клучна за успешна кариера во Австралија. Дури и кога постои конкуренција, колегите секогаш си помагаат. Повеќето луѓе се будат во 4 или 5 наутро, а до 5 и 30 сите кафетерии се полни. Работното време почнува во 6 и 30 или во 7. По 4 и 30 попладне, сите завршуваат со работа и можат да играат фудбал или да одат на плажа. Друго важно нешто е ручекот. Во 12 и 30 попладне, илјадници луѓе излегуваат и одат во ботаничките градини.

10. Спорт и рекреација

Главната активност за рекреација е правењето скара. Речиси секој дом има една и на неа се приготвува сè – месо, риба, зеленчук… Луѓето се собираат, носат салати, пиво и нивно месо за скара. Во сите паркови има бесплатни електрични скари, а понекогаш треба да платите околу 1 евро за да ги користите.

Спортувањето е важен дел од животот на Австралијанците. Сиднеј пак е градот на сурфањето и многу луѓе сурфаат пред работа, или одат порано работа за да имаат време за сурфање подоцна.

11. Деца и училишта

Австралијанците се навистина пријателски настроени, вклучувајќи ги и децата. Правилата овде се малку поразлични. На пример, децата седат на подот и користат маса или стол само ако им се потребни.

Децата не добиваат многу домашни задачи, а некои родители се грижат дека нивните деца имаат премногу обврски. Австралијците имаат право на заем за високо образование, што можат да го исплатат откако ќе дипломираат или откако ќе се вработат.

12. Избори

Во Австралија, сите жители над 18 години мораат да гласаат. Ако не гласате без причина, ќе бидете казнети или ќе ви биде одземен имотот. Луѓето можат да гласаат и однапред, испраќајќи го нивниот глас по имејл. Нема потреба да го потврдите вашиот идентитет пред гласање. Треба само да дадете име и адреса и орално да потврдите дека не сте гласале тој ден. Ако гласате повеќе од еднаш, ќе бидете казнети или уапсени.

13. Интерес во странски полиси

Австралија е навистина изолирана држава. Локалните жители се заинтересирани за она што се случува таму, но не им судат на луѓето поради нивното потекло, образование или социјален статус.

14. Бавното темпо на Австралија

Во Австралија може да бидат потребни и 2 до 4 недели за да ви инсталираат Интернет во домот. Квалитетот на Интернетот исто така не е добар. Истите проблеми се јавуваат и со електричната инсталација.

15. Инсекти

Пред да ги облечете чевлите, треба да ги истресете. Пред да ги преместувате столовите на терасата, треба да бидете внимателни. Пред да пливате во океанот, осигурете се дека не е сезона на медузи и дека има чувари кои ќе ве известат за потенцијални опасности.

Погледнете и некои од најчудните закони во Австралија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар