Илустрирани факти за сè и сешто
Расположете се пред почетокот на новата работна недела со неколку интересни факти, илустрирани на едноставен начин.

Luke Skywalker првобитно бил наречен Luke Starwalker.

Дизниевиот свет е поголем од 17 земји.

Еден Французин еднаш изел цел авион.

Можете да си го смените јазикот на Фејсбук во пиратски.

Човечките глави се со иста густина како лубениците.

Хрчаците се илегални на Хаваи.

Комарците можат да се парат 15 секунди.

Корнетот за сладолед бил измислен во Њујорк.

Пред 1800-та, чевлите за левата и за десната нога биле исти.

Жена се има мажено за Ајфеловата кула.

Најдолгиот меч во тенис траел 11 часа и 5 минути.

Помфритот (French fries ) не потекнува од Франција.

Патката има повеќе коски во вратот од жирафата.

Повеќето кармини содржат рибни крлушки.

Првото музичко це-де било направено да трае 74 минути колку што трае 9-та симфонија на Бетовен.

Bо Шведска имаат ист збор за мажен/женет и отров.

Според едно ново истражување, глувците не сакаат сирење.

Најстариот веб-домен symbolics.com бил регистриран во 1985.

Ако се остави во темница, златната рипка ќе стане бела.

Слоновите навистина се плашат од глувци.

На денот кога си се родил/а, се родиле уште најмалку 9 милиони луѓе.

Секоја епизода од The Simpsons се прави по 6 месеци.

Ситофобија е страв од храна.

Лео Фендер, основачот на Фендер гитарс бил саксофонист и не знаел да свири на гитара.

Првата клонирана мачка се вика копикет (копија од мачка).

Свињите можат да страдаат од мизофобија (страв од валкано).

Научниците имаат направено коза која лачи свила од пајакова мрежа.

Кокошката е најблиското живо суштество до Тирекс.