Илустрација на животот
Многупати најдобрите идеи се наједноставни. Таков е и концептот зад овој краток анимиран филм насловен „Floating in my mind“. Тој претставува куса илустрација на животот претставен преку поважните сцени кои секој од нас ги преживува додека е жив, луѓето кои ги среќаваме и со кои ја живееме сегашноста, а со некои од нив и ја градиме иднината, како и спомените кои ги носиме од минатото. На крајот, сепак ништо не е вечно.
Интересна е аналогијата со надуваните балони, кои во комбинација со техниката на цртање, му даваат симпатична комична нота на ова 3-минутно видео.
Филмот е дело на Елен Леру која го направила за својата дипломска работа на „Gobelins“, едно од најдобрите училишта за дигитална комуникација и интерактивен дизајн на планетава.