Играта со атлетичарот на Гугл го зарази цел интернет
Денеска, корисниците на Гугл, поминуваат повеќе време на почетната страница од вообичаено. Кривец за тоа е супер заразната игрица со атлетичарот кој трча на 110 метри со пречки.
Последниве неколку дена Гугл преку обични сликички ги симболизираше тековните Олимписки игри во Лондон во гугл-дудлсот, а денес конечно стави нешто кое ги хипнотизираше сите корисници. Станува збор за забавна игра, во која корисникот треба што е можно побрзо да ја помине патеката и да ги прескокне пречките и тоа само со помош на двете стрелки од тастатурата и копчето „спејс“.
Забавата се крие во тоа, секој од нас да се испроба колку е навистина брз на тастатурата, бидејќи од тоа зависи остварениот успех на симпатичниот олимпиец на Гугл.
Пробајте ја оваа игрица што е можно побрзо, но внимавајте да не ви го утепа цел ден. На некои тоа веќе им се случи. Кој е вашиот рекорд? Можете да направите повеќе од ова?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
http://postimage.org/image/jif093a6b/
Bravo
9.9
istoooo 10,3
11 !