Игра на тронови: Најголемите разлики помеѓу книгите и серијата

Игра на тронови: Најголемите разлики помеѓу книгите и серијата

Знаеме дека серијата е една од најпопуларните на сите времиња. И додека нејзините фанови верно ја следат, многу од фановите на книгите ги забележуваат огромните разлики. Голем дел од важните настани во серијата се целосно изменети.

(6)igra-na-tronovi-najgolemite-razliki-pomegju-knigite-i-serijata-kafepauza.mk

Понекогаш причината е за да се „придвижи“ дејството во серијата, а понекогаш е за изненадување на фановите. Погледнете ги најголемите разлики помеѓу книгите и серијата.

1. Санса Старк и Ремзи Болтон

(1)igra-na-tronovi-najgolemite-razliki-pomegju-knigite-i-serijata-kafepauza.mk

Ова е можеби најконтроверзната промена од книгите. Во книгите, една семејна пријателка на Стрк, Џејн, е онаа која што се мажи за Ремзи. Ланистерови го убедуваат Ремзи дека девојката е всушност Арја. Во серијата, Џејн воопшто не се појавува. Наместо тоа, Санса е онаа која завршува со злобниот Рамзи заради политичка моќ. За да ја задржат темата од книгите, во серијата Рамзи ја мачи Санса исто како што ја мачи Џејн. Фановите на книгите беа многу револтирани поради оваа промена, најмногу бидејќи сметаа дека Санса доволно страдаше.

2. Судбината на Ширен Баратеон

(2)igra-na-tronovi-najgolemite-razliki-pomegju-knigite-i-serijata-kafepauza.mk

За трагичната судбина на Ширен можеби се зборуваше најмногу. Прво поради суровоста, а второ бидејќи тоа се нема случено во книгите, барем досега. Ќерката на Станис Баратеон беше редок симбол на добрина во светот на Игра на тронови. Па, беше навистина сурово кога Мелисандре ја жртвуваше за да ја зголеми моќта на Станис. Ова се нема случено во книгите, па фановите се прашуваат дали серијата откри важен дел од приказната во книгите.

3. Госпоѓа Роб Старк

(3)igra-na-tronovi-najgolemite-razliki-pomegju-knigite-i-serijata-kafepauza.mk

Во книгата „Бура од мечови“ (A Storm od Swords), Роб Старк се вљубува во Џејн Вестерлинг, но се венчава со неа тајно бидејќи е ветен за една од ќерките на Волдер Фреј. Ова сигурно им звучи познато на фановите на серијата, бидејќи е многу слично со приказната од третата сезона. Но, има неколку разлики. Во серијата Роб се венчава со Талиса, болничарка која ја сретнува на военото поле. Како и во книгите, тој го прави ова и покрај тоа што е ветен за ќерката на Фреј. Ова резултира со еден од најтрагичните моменти во серијата – Црвената венчавка. Но, во книгите Џејн не е присутна на масакрот како во серијата, и всушност преживува.

4. Дамата Стоунхарт

После Црвената венчавка, фановите на книгите беа задоволни со воскреснувањето на Кетлин Старк. Се разбира, го очекуваа ова и во серијата, но Кетлин ја нема нигде. Во книгата Кетлин е воскресната како Дамата Стоунхарт, но актерката која ја глуми Кетлин во серијата има изјавено дека не верува дека ќе се врати.

5. Белите шетачи

(5)igra-na-tronovi-najgolemite-razliki-pomegju-knigite-i-serijata-kafepauza.mk

Овие ужасни суштества се можеби најмистериозното нешто од митологијата на Џорџ Мартин. Но во книгите, многу повеќе се зборува за нив отколку што некој ги гледа. Во серијата ние се запознаваме со нив уште во првата епизода. Исто така многу често ги гледаме нивните ужасни лица и научивме многу работи за нив, вклучувајќи го и она што им го прават на малите деца кои ги земаат како жртви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар