Игра на неделата: Пронајдете пукнатина
Оваа заразна игра може да ви преставува одлична релаксација ова саботно попладне. Навидум обична и неинтересна, сепак штом почнете да ја играте, не ќе можете да престанете.Играта се игра само со стрелките од тастатурата, а целта е, пред да се спојат подот и плафонот, да најдете пукнатина каде што ќе можете да се засолните за да не ве згмечат подвижните ѕидови. Како што ќе одминуваат нивоата, времето за мислење ќе се намалува. Агресивната музика само ќе го надополнува уживањето во забавата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
se iznervirav :S
Интересна е : )