Игра на неделата: Крадецот Боб
„Крадецот Боб“ е интересна логичка игра со која одлично ќе се забавувате во вашето слободно време. Имено, Боб е момче кое уште од најрана возраст му се восхитува на Робин Худ и веднаш си ја зацртува својата животна мисија. Тој решава да им помага на сиромашните и да се бори против мафијата и корумпираните.Извршувајќи ја мисијата, ќе се соочувате со разни препреки за да дојдете до потребните материјали, а ќе треба да внимавате на камери, роботи и аларми, за да не бидете фатени. Играта се игра на стрелките од тастатурата, а дополнителни упатства ќе добивате во нејзиниот тек. Уживајте…
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.