Иднината пристигнува: Тетоважите сега имаат и звук!
Ова е приказна за Сакира Анжелик, пејачка која помеѓу првите направила тетоважа на иднината, односно тетоважа која со себе носи звучен запис.
Сакира објавила видеозапис што остава без зборови. Звучниот бран што неодамна го тетовирала на областа на градниот кош, односно местото каде што се наоѓа срцето, освен тоа што изгледа магично, исто така и брилијантно се трансформира со помош на смартфон. Тетовираните звучни бранови можат да се чујат преку мобилна апликација, а на своето тело можете да го тетовирате кој било звучен запис.
Пејачката објаснила дека зборовите во гласовната порака се од нејзината баба, која ѝ оставила говорна порака со роденденска честитка неколку дена пред смртта.
Оваа магија се произведува благодарение на педантната работа на уметникот за тетоважи Шан Ридер и мобилната апликација „Skin Motion“ со чија помош може да се трансформираат тетовираните звучни бранови.
Овој вид тетоважи без сомнение се нов чекор во областа на уметноста на тетоважите кои само што тргнаа кон повисока димензија.