Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

Размислувањето за иднината може да ве држи до доцна во ноќта, да ве направи анксиозни и несигурни бидејќи понекогаш изгледа страшно. Особено кога не знаеме како да се подготвиме за непознатото. Целиот наш живот нѐ учат дека треба да бидеме спремни за наредните фази и поглавја од нашите животни приказни. Во основно училиште се спремаме за во средно, а од средно за на факултет. И во оној момент кога и тоа е готово, се подготвуваме за сѐ она што понатаму нѐ очекува и ќе ни застане на патот.

Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

Го третираме животот како да е авион пред уривање, воз пред судир или вртелешка пред паѓање. Ја корнеме косата и ја стегаме вилицата, секогаш спремни или за борба или за бегство. Никогаш не запираме пред да се соочиме со најлошото и никогаш не престануваме да се нервираме за „што би било кога би било“. Секогаш сме анксиозни, чекајќи ги новите предизвици.

Лесно е да се чувствувате исплашено кога цел живот ве учат за бомбите кои доаѓаат кон вас. Но, некаде по патот, ќе се изморите од изгризените нокти, нападите на паника и несоницата. Затоа, да престанеме да се обидуваме да го контролираме својот живот.

Да се тресеме во темнината и да се плашиме од силните звуци. Треба да прифатиме дека иднината не е големо, страшно суштество кое се подготвува за напад. Нашата иднина ќе биде она што сакаме да биде. И да, можеби е непозната, но зошто тоа непознато да не биде прекрасно и возбудливо?

Се разбира дека ќе се соочиме со непријатни настани кои ќе нѐ соборат, но ние избираме како ќе реагираме на нив и како ќе се исправиме повторно на нозе. Ние имаме контрола врз своите чувства, независно што и да се случи.

Да бидеме возбудени и нетрпеливи за нашата иднина, наместо да се криеме од неа. Да ги прославиме новите денови, новите почетоци и искуства кои ни стојат на патот. Да прославиме заедно со луѓето кои ги сакаме и оние кои допрва ќе ги запознаеме, да ја почувствуваме љубовта и пријателството. Нашата иднина е авантура и започнува токму сега.

Да престанеме да ги затвораме очите на светот и да ја вртиме главата од животот. Сите имаме толку многу работи на кои можеме да се надеваме, да ги очекуваме и да бидеме благодарни за сѐ она што допрва доаѓа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар