И тоа ќе помине: 15 моќни цитати кои ќе ви помогнат во лошите моменти
Дури и најголемите умови имаат свои лоши моменти. Прочитајте ги нивните цитати кои имаат моќ да ви помогнат да ги издржите дури и најголемите неволји…
„Ако сакате да промените или подобрите нешто во својот живот, морате да почнете така што ќе ги менувате внатрешните аспекти од вашиот ум.“ – Брајан Трејси
„И тоа ќе помине.“ – Персиска изрека
„Да сакате. Да бидете сакани. Никогаш не ја заборавајте својата безначајност. Не се навлекувајте на потиснато насилство и различни вулгарности во животот околу себе. Пронајдете радост на најтажните места. Извлечете ја убавината од својот ден. Никогаш не го поедноставувајте она кое е комплицирано и не го комплицирајте тоа што е едноставно. Почитувајте ја силата, никогаш моќта. Пред сè – гледајте. Обидете се да разберете и да пробате. Никогаш не го тргајте погледот. И никогаш, никогаш не заборавајте.“ – Арунхати Рој
„Станете подобра личност и бидете сигурни дека знаете кои сте пред да запознаете некој нов со надеж дека таа личност знае кои сте вие.“ – Габриел Гарсија Маркес
„Твоето време е ограничено, немој да го трошиш во живеење туѓ живот. Немој да дозволиш да те зароби догмата – да се живее како што другите мислат. Немој да дозволиш буката на туѓите мислења да го стиша твојот внатрешен глас. И најважно, имај храброст да го пратиш твоето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што сакаш да станеш. Сè друго доаѓа на друго место.“ – Стив Џобс
„Никогаш немој да одолееш на искушението: Пробај сè, а цврсто задржи го само она што е добро.“ – Џорџ Бернард Шо
„Кога бев дете и кога ќе видев страшни нешта на вестите, мојата мајка секогаш велеше: ‘Побарај помош. Секогаш можеш да најдеш луѓе кои имаат волја да помогнат.“ До денешен ден, особено во ова хаотично време, сè уште се потсетувам на овие мајчини зборови и се тешам со сознанието дека постојат луѓе кои ќе помогнат – има толку многу внимателни луѓе во светот.“ – Фред Роџер
„Постојат две основни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се повлекуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме на сè што животот има да понуди со страст, возбудување и прифаќање. Мора да научиме прво да се сакаме себеси, со сите наши несовршености. Еволуцијата и сите наши надежи за подобар свет се наоѓаат во визијата без страв и со отворено срце за луѓето кои се спремни да го прифатат животот.“ – Џон Ленон
„Одамна ми стана јасно дека луѓето кои се склони на постигнувања не седат и не чекаат нештата сами да им се случат. Тие одат и се случуваат со нештата.“ – Леонардо да Винчи
„И покрај тоа што во секојдневниот живот сум типичен осаменик, свеста за тоа дека припаѓам во невидлива заедница на оние кои трагаат по вистината, убавината и правдата, ме спречи да се чувствувам изолирано.“ – Алберт Ајнштајн
„Не грижете се за малите нешта… И онака сè ќе биде во ред на крај.“ – Боб Марли
„Сите неволји кои сум ги имал во животот, сите проблеми и препреки, ме зајакнуваа. Можеби нема да сфатиш во првиот момент кога тоа ќе се случи, но тупаницата по забите понекогаш може да биде најдоброто нешто кое ти се случило.“ – Волт Дизни
„Последните 29 дена во месецот се најтешки.“ – Никола Тесла
„Лифтот кој води до успехот е расипан, но скалите се секогаш достапни.“ – Зиг Зиглар
Несреќата ни изгледа многу помала кога молчиме за неа, отколку кога зборуваме. Зборувајќи за несреќата, таа само станува сè подлабока и поцрна. Кој говори за неа сто пати, со тоа и самиот ја зголемил за сто пати. Молчењето е најдобриот лек против несреќата, тоа е наједноставниот човечки отпор и одмазда за судбината.“ – Јован Дучиќ