И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

Растенијата немаат можност да се преселат или поместат доколку некое друго растение во околината на некој начин им пречи, па затоа развиле таканаречена комуникација со која избегнуваат непријатни ситуации. Според една нова студија спроведена на Универзитетот за земјоделски науки во Упсала, Шведска, тие умеат да разменат информации меѓу себе со помош на „сигнали“, и тоа преку коренот.

И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

Веќе е докажано дека кога постои „конкуренција“ над почвата, растенијата се способни да се прилагодат на околината, со цел да се избегнат пречките. Тоа го прават на најразлични начини, меѓу кои и насочување кон условите кои им се потребни и заобиколување или интензивно напредување кога се „загрозени“ од друго растение. Но, оваа „комуникација“ не се случува само над земјата, туку и длабоко во корењата, преку хемиски сигнали.

Истражувањето е спроведено со помош на семе и стебла од пченка, која е позната по тоа што во стресна околина има тенденција да расте поинтензивно. Тимот од Универзитетот во Упсала секој ден изведувал експеримент, со лесно допирање на лисјата со четкичка, симулирајќи допир на соседно растение. Кога го отстранувале пораснатото и на негово место носеле ново, помладо растение, откриле дека новата единка се развивала така што користела повеќе ресурси од почвата за да развие стебло и листови, додека коренот останувал помалку разгранет. Тоа не се случувало со младите растенија засадени во почва во која претходниците не биле „провоцирани“.

И растенијата се способни да „разговараат“ едни со други

Идејата дека растенијата комуницираат преку почвата постои одамна, кога во 80-тите била поставена хипотеза дека корењата на дрвјата испраќаат електрични импулси преку почвата кога некој од соседите ќе биде исечен. Натамошните истражувања на оваа тема покажале дека растенијата цело време испраќаат и примаат сигнали, но науката успеала да ги „чуе“ неодамна. Благодарение на оваа способност, тие можат да предвидат дали околу нив има претставник од нивниот вид или евентуална опасност која потекнува од друг.

Прочитајте и кои се 12-те растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар