И мозокот е орган кој може да се разболи: Менталните болести се вистински!
Во последно време многу познати личности излегоа јавно да зборуваат за психичките состојби низ кои минуваат, обидувајќи се да ги дестигматизираат овие појави како нешто што не е реално и нешто од што би требало да се срамиме.
Постојат луѓе кои разбираат дека тешките психолошки состојби се вистински и се обидуваат да бидат помош, потпора и поддршка на оние кои се соочуваат со некоја од нив. За жал, постојат и такви кои би ви рекле: „Ај среди се, почни да правиш (се однесуваш)… и ќе видиш како поарно ќе ти биде“. Ваквите коментари не помагаат, па ако сте од оние кои сметаат дека менталните болести се мит, подобро премолчете отколку да направите нешто што на личноста дополнително ќе ѝ ја отежни ситуацијата.
Погледнете ги следните 4 скена од магнетна резонанца на мозокот и сами воочете ја разликата.
Користете го мозокот, сменете го односот кон луѓето кои страдаат и зборуваат за своите ментални состојби и на тој начин помогнете да се стави крај на стигмата за менталното здравје.
1. Синдром на дефицит на вниманието и хиперкативност
„Тоа е само измислена болест дизајнирана за да купуваме лекови за нашите деца.“
2. Опсесивно-компулсивно нарушување
„Ти си само пребирлив/а и напорен/на. Порасни веќе еднаш.“
3. Посттрауматски стрес
„Тоа што се случи не беше толку страшно. Надмини го.“
4. Депресија
„Избори се со тоа. На многу луѓе им е полошо одошто тебе.“