Ѝ ја избричила главата на ќерка ѝ, а интернетот полуде поради тоа
Пејџ мислела дека не е голема работа што ќе ѝ ја избричи главата на ќерка ѝ, па напишала за тоа на интернет. Не претпоставила дека реакциите ќе бидат толку осудувачки.
Нејзината ќерка побарала фризура како нејзините браќа и нејзиниот татко. Кога мајка ѝ ѝ објаснила дека некои луѓе мислат дека девојчињата мора да имаат долга коса, малата одговорила: „Нема шанси. Девојчињата можат да имаат каква фризура сакаат!“ Кога мајка ѝ ја предупредила дека некои ќе велат дека е грда или ќе мислат дека е момче, девојченцето понудило едноставно решение: „Во ред е мамо, само ќе им кажам дека сум девојче“.
И таа го направила тоа што го побарало нејзиното дете. А интернетот експлодираше.
Почнале да ја критикуваат и напаѓаат сите кои ја виделе фотографијата, некои дури и ја обвинувале дека го претворила своето дете во социјален експеримент за да си ја задоволи својата суета.
Но, нејзиниот одговор на тоа воодушевува:
„Да, можев да ја премислам. Јас сум нејзина мајка и моето мислење има големо влијание врз неа. Можев да ѝ кажам дека има многу убава коса и дека би било штета ако ја избричи. Но со тоа би ѝ порачала дека нејзиниот изглед ми е важен и дека поентата е да им биде убава на другите, дека е побитно како другите ја гледаат одошто нејзините желби, нејзините чувства.“
А на девојчето не само што не му пречи новата фризура, ниту вниманието што го добива, туку напротив, мисли дека е многу забавно да ја бричи главата секој месец, „баш како тато“.