Храна во вашиот дом која може да предизвика халуцинации
Знаевте ли дека во вашиот фрижидер се наоѓаат продукти кои можат да ви предизвикаат халуцинации? Пред да почнете да го читате овој текст, имајте на ум дека кои било хемикалии што ја менуваат вашата перцепција можат да бидат опасни и да имаат несакани ефекти. Погледнете кои прехранбени продукти од домот предизвикуваат халуцинации…
1. ‘Ржан леб
Овој леб има своја психоделична тајна. Зрното ‘рж лесно се инфицира со ергот, габа од која прв пат била направена дрогата ЛСД. Ова значи ако јадете мувлосан ‘ржан леб, најверојатно ќе халуцинирате. Труењето со ергот било многу распространето низ историјата, особено во Средниот век. Неколку научници сметаат дека симптомите на труењето можеби се научното објаснување на „опседнувањето“ од страна на вештерките за време на судењето во Салем во 1690-тите. Труењето со ергот воопшто не е забавно. Други симптоми кои се појавуваат се мускулни контракции, ужасни главоболки и дијареја.
2. Чили пиперчиња
Продуцентот Маршал Тери пред неколку години изел едно од најлутите пиперчиња, а тој подвиг резултирал со повраќање, зборување бесмислици и халуцинации. Самите перничиња немаат психоактивни супстанци, па халуцинациите од нив не се добро разбрани. Најверојатно тие се резултат на мешавина од паника предизвикана од болка и ендорфини. Други несакани ефекти се потење, дијареја, давење, повраќање и 24 часа жалење.
3. Морско оревче
Морското оревче содржи состојка наречена мирицицин која ја менува перцепцијата ако ја консумирате во големо количество. Некои велат дека ефектот е сличен како ЛСД, но може да трае и до 2 дена.
4. Семе од афион
Морфиумот, хероинот и други лекови за болка најчесто се направени од афион. Ако изедете многу семе од афион и направите тест за дрога, голема е веројатноста да добиете позитивни резултати. Јачината на ефектот зависи од видот на семето. Едно од најсилните е семето од шпанскиот афион кое има речиси 0,025% морфиум. Ова значи дека ако изедете околу 40 грама, ќе внесете 10 милиграми морфиум.
5. Црница
Според урбаните легенди, црниците предизвикуваат благи халуцинации, но нема многу научни докази за ова. Иако луѓето може да ги јадат овие плодови, многу експерти тврдат дека ако е зелена, црницата може да предизвика иритација на стомакот, па дури и халуцинации.
6. Риба
Постојат многу видови риба за кои се смета дека предизвикуваат халуцинации. Најпозната од нив е Sarpa salpa, морски вид кој се лови во источниот Атлантик и Средоземното море. Според еден медицински случај, двајца луѓе искусиле визуелни и аудитивни халуцинации неколку часа по консумирањето на рибата. Научниците не се сигурни што ги предизвикало овие халуцинации, но некои веруваат дека се од токсините од микроалгите кои се наталожиле во рибата.
7. Кофеин
Без разлика дали е кафе, чај или енергетски пијалак, ако внесете премногу кофеин можно е да изгубите допир со реалноста. Едно истражување од 2009-та година покажало дека луѓето кои пијат многу кафе (7 шолји и повеќе на ден) имаат поголеми шанси да халуцинираат и да чувствуваат присуство на починати луѓе. Сепак, едно толкување на овие резултати е дека оние кои биле посклони кон халуцинации користеле кофеин за да се справат со искуствата. Кофеинот е една од најконсумираните психоактивни состојки, но нема доказ за халуцинации од кафе.
Погледнете и која храна предизвикува живописни соништа.