Хотели од филмовите

Хотели од филмовите

Во светот постојат огромен број хотели. Некои од нив се препознатливи по своето гостопримство, а други по тоа што таму се снимале некои познати филмови. Оние кои отседнуваат во овие хотели, веднаш се поистоветуваат со ликовите од филмовите кои се снимени токму во нивната соба, а некои бараат и да бидат третирани посебно. Погледнете ја листата на познатите хотели, каде што се снимени филмските сцени:

Хотели од филмовите

The Fairmont, Сан Франциско

Во овој хотел се снимени сцени од филмовите:  „Vertigo”, „Towering Inferno”, „Junior”, „Sudden Impact” и „The Rock”.

Хотели од филмовите

The dancing fountains of the Bellagio, Лас Вегас

Во овој хотел во Лас Вегас, Невада се одвива главното дејство на филмовите „Ocean’s Eleven” и „Ocean’s Thirteen”.

Хотели од филмовите

Millennium Biltmore Hotel, Лос Анџелес

Во Millennium Biltmore Hotel снимени се сцени од филмовите: „The Bodyguard”, „Mission Impossible 3”, „Wedding Crashers”, „Pretty in Pink”, „Dreamgirls” и „Spiderman”.

Хотели од филмовите

Beverly Wilshire Beverly Hills, Беверли Хилс

Во овој хотел снимени се филмовите: „Beverly Hills Cop”, „Pretty Woman”, и „Bulworth”.

Хотели од филмовите

The Plaza, Њујорк сити

Овој хотел се наоѓа во срцето на градот Њујорк, со поглед на Central Park. The Plaza бил „домаќин“ на филмовите: „North By Northwest”, „Home Alone 2”, „The Way We Were” и „Bride Wars”.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар