Хотели од целиот свет што ќе ви ја разгорат желбата за патување
Дали знаевте дека првиот хотел бил изграден во 705-та година? Хотелот Nisiyama Onsen Keiunkan сместен во Јаманаши, Јапонија работи веќе 1.300 години. Оттогаш низ светот се отворени многу хотели, а некои од нив се навистина неверојатни. Ова се некои од најубавите хотели во светот коишто сигурно ќе сакате да ги посетите.
1. Дом за жирафи, Кенија
Овој мал хотел е дом на стадо загрозени жирафи кои редовно ја подаваат главата низ прозорците и бараат храна од посетителите.
2. Заедница од дрва на куќа Финка Белависта, Костарика
Сместено во национален парк, ова необично одморалиште ќе ви помогне да се исклучите од надворешниот свет и повторно да се поврзете со природата.
3. Одморалиште Манта, Занзибар
Како дел од огромна пловечка структура, една од најдобрите соби на хотелот е сместена под вода. Овде можете да гледате како рибите пливаат надвор од вашиот прозорец.
4. Монтана Маџика, Чиле
Овој хотел кој наликува на вулкан е сокриен во приватен природен резерват и еруптира вода наместо лава. До хотелот се стигнува само пеш и гостите мора да поминат висечки мост за да стигнат до него.
5. Атрап’Реве, Франција
Овој иновативен хотел има соби во форма на пластични меури. Овде можете буквално да спиете под ѕвездите.
6. Одморалиште Кумбук, Шри Ланка
Масивната вила од два ката е лоцирана во природен резерват и им нуди на гостите да отседнат во најголемиот слон на светот. Покрај тоа овде можете да ја истражувате околината и да видите вистински слонови.
7. Ханг Нга, Виетнам
Позната и како „Луда куќа“, оваа неверојатна градба е вистинско уметничко дело. Овде ќе се чувствувате како во бајка.
Продолжува на следната страница…