Хотели направени од невообичаени материјали
Во светот постојат безброј хотели кои отскокнуваат од стандардните. Ова е еден мал дел од многуте оригинални идеи кои функционираат или порано функционирале одлично.
Хотели направени од сол
Повеќе хотели во близина на градот Ујуни во Боливија се изградени од блокови од сол.
Хотели направени од мраз
Хотели направени од мраз се појавуваат редовно во Канада, Норвешка, Романија, Финска и Шведска. Најпознат е оној во шведскиот град Јукасјарви кој постои од декември до април секоја година.
Хотел направен од песок
Во 2008 година беше изграден првиот хотел од песок во Велмонт, Англија. Се состоеше од две соби, а гостите можеа да преспијат за цена од околу 10 фунти. Потоа хотелот беше „измиен“ од морето.
Хотел направен од цевки за отпадни води
Хотелот „Das Park“ се наоѓа во Линц, Австрија, а секоја цевка претставува модерна соба.
Хотели направени од вагони од воз
Изненадувачки, но постојат повеќе хотели направени од вагони од воз. Овој на сликата се наоѓа во Шиптон, Англија.
Хотел направен од пластични хотелски клучеви
Во 2009 година „Holiday Inn“ отвори привремен хотел направен од 200.000 пластични хотелски клучеви за врата.
Хотели направени од транспортни контејнери
Овие преносни хотели се направени од транспортни бродски контејнери. Тие се флексибилни и монтажни, а соодветни се за спортски настани, концерти, за снимање филмови и слично. Компанијата која стои зад оваа идеја е „Snoozebox“.
Хотел направен од буриња за вино
Хотелот „De Vrouwe van Stavoren“ во Холандија им нуди на своите гости сместување во големо буре за вино.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.