Хороскопски мудрости: 7 цитати за астрологијата и ѕвездите

Хороскопски мудрости: 7 цитати за астрологијата и ѕвездите

Астрологијата, освен што е наука која се занимава со проучувањето на хороскопските знаци и нивните природи, таа примарно е наука која се занимава со движењето и позиционирањето на небеските и ѕвездените тела за да добие и раздели информации за човечките односи и настаните.

Хороскопски мудрости: 7 цитати за астрологијата и ѕвездите

Таа била инспирација за многу научници, писатели, психолози, уметници и филозофи и помогнала во откривањето на најдлабоките човекови тајни. Во продолжение прочитајте ги 7-те цитати за астрологијата од едни од најголемите умови во светот.

„Родени сме во даден момент, на дадено место и како годишната берба за вино имаме квалитетни сезони во нашите животи. Астрологијата не дава право на ништо повеќе.“ – Карл Јунг

„Доктор без познавање на астрологијата не може себеси да се нарекува доктор.“ – Хипократ

„Бев критикувана и исмејувана заради вртењето кон астрологијата, но по некое време дојдов до таа точка каде воопшто не ми е грижа за тоа.“ – Ненси Реган

„Дури и лошиот астролог, повремено, може да го прочита небото правилно.“ – Кларк Ештон

„На ѕвездите не им е наменето да ја држат судбината, но тоа во нас е предодредено. Астрологијата нема корисна функција освен да ја открие најдлабоката природа на човекот и да го доведе до неговата свест, за да може да ја исполни со законите на светлоста.“ – Вилијам Шекспир

„Астрологијата содржи знаење кое просветлува. Ме научи на многу и многу ѝ должам. Геофизичките докази ја откриваат моќта на ѕвездите и планетите во однос на Земјата. За возврат, астрологијата тоа го потврдува. Затоа таа е животниот еликсир за човештвото.“ – Алберт Ајнштајн

„Ѕвездите на небото свират музика. Да го имавме само слухот, ќе можевме да ја слушнеме.“ – Питагора


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар