Хонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи од целиот свет!
Со цел да заживее туризмот и да се поттикнат посетителите да дојдат, властите во Хонгконг решија да споделат 500 илјади бесплатни авионски билети. Иницијативата „Hello Hong Kong“ беше лансирана неодамна, но на неа се работи повеќе од две години.
Патувањето во Хонгконг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Мерките за карантин што кулминираа со 21 ден изолација како и PCR тестовите ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонгконг.
„Влезниците ќе се дистрибуираат меѓу три авиокомпании: водечкиот авиопревозник Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines. 500.000 билети чинат речиси 255 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонгконг бесплатно можат да ја посетат веб-страницата на кампањата World of winners, почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите информации за лотаријата“, пишува CNN и додава дека билетите ќе сe пoделат на три дела: од 1 март за патниците низ Југоисточна Азија, од 1 април за оние кои живеат во Кина и од 1 мај за жителите на остатокот од светот.
Пред пандемијата, Хонгконг имаше 56 милиони посетители годишно, а до 2022 година тој број се намали на околу 100.000. Властите се надеваат дека бесплатните билети би можеле да ја подобрат туристичката ситуација и да го зголемат бројот на туристите по пандемијата…
Откако прочитавте за најновата инцијатива на властите во Хонгконг во поглед на туризмот, можеби ќе сакате да прочитате и за највозбудливите и највисоките места во Хонгконг.
Извор: punkufer.dnevnik.hr