Хиперсомнија (дневна поспаност): Најчесто нарушување на спиењето

Хиперсомнија (дневна поспаност): Најчесто нарушување на спиењето

Нарушувањата на сонот влијаат на многу повеќе луѓе отколку што мислите – според некои истражувања, околу 20% од нашите сограѓани страдаат од некакво нарушување на спиењето. Многу луѓе дури и не сфаќаат дека страдаат од нарушување на сонот.

Хиперсомнија (дневна поспаност): Најчесто нарушување на спиењето

Таквите луѓе може да почувствуваат благ замор, дезориентираност и намалено функционирање во текот на денот. Ваквите нарушувања предизвикани поради лишувањето од сон влијаат врз работата, возењето и социјалните активности. Најчести нарушувања на спиењето се несоницата, апнеата при спиење (прекин на дишењето за време на спиењето), дневната поспаност, синдромот на немирни нозе и нарколепсијата.

Зошто ни е потребен сон?

Иако истражувачите сè уште се обидуваат да откријат зошто точно на луѓето им треба сонот, истражувањата на животни покажале дека спиењето е неопходно за опстанок. На пример, ако обичен стаорец обично живее од 2 до 3 години, оние што се лишени од РЕМ фазата живеат во просек само 5 недели, додека оние што се лишени од сите фази на спиење живеат околу 3 недели.

Хиперсомнија (дневна поспаност): Најчесто нарушување на спиењето

Стаорците лишени од сон, исто така, развиваат невообичаено висока температура на телото со појава на рани на опашката и шепите. Раните можат да се појават затоа што им е влошен имунолошкиот систем. Некои студии покажале дека лишувањето од сон има штетно влијание и врз имунолошкиот систем.

Излегува дека спиењето му е потребно за нашиот нервен систем за тој да функционира правилно. Премногу малку спиење нè прави дремливи и деконцентрирани во текот на денот. Исто така, негативно влијае врз меморијата и физичките перформанси, а го намалува и капацитетот за извршување математички операции. Ако лишувањето од сон продолжи, може да следат халуцинации и промени во расположението.

Некои експерти веруваат дека невроните што ги користиме додека сме будни, за време на спиењето може да се „изгасат“ и да се обноват. Ако не спиеме, невроните може толку енергетски да се испразнат или да се „загадат“ со нуспроизводите на нормалната клеточна активност, па може да почнат лошо да функционираат. Спиењето, исто така, може да му овозможи на мозокот да ги вежба неговите важни нервни склопови, кои инаку може да се закржлават поради недостаток на активност.

За време на длабок сон, ослободување на хормонот за раст се јавува кај деца и младите, додека во многу телесни клетки се забележува зголемено производство на протеини и нивна намалена деградација. Бидејќи протеините се градежни „тули“ неопходни за раст на клетките, како и за закрепнување од оштетувањата предизвикани од стрес или ултравиолетови зраци, длабокиот сон навистина може да биде „клучен за убавината“.

Активностите во деловите на мозокот кои ги контролираат емоциите, процесите на донесување одлуки и социјалните интеракции се драстично намалени за време на длабокиот сон, што укажува на тоа дека овој вид на спиење може да им помогне на луѓето да одржат оптимално емоционално и социјално функционирање додека се будни.

Истражувањата спроведени врз стаорци, исто така, покажале дека одредени модели на нервни рефлекси што стаорците ги создаваат во текот на денот се исти и за време на длабок сон. Ова повторување на обрасците може да помогне во кодирање на меморијата и подобрување на учењето.

Можеби сакате да прочитате и за музиката како лек за несоницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар