Херман Хесе: Не е наша задача да се приближуваме едни на други

Херман Хесе: Не е наша задача да се приближуваме едни на други

Херман Хесе бил германски писател, поет и сликар, кој во 1946-тата година ја добил престижната Нобелова награда за литература. Неговите безвременски дела, кои до ден денес восхитуваат со својата филозофска длабочина и психолошки развој на ликовите, му ја даваат титулата најчитаниот европски писател во светот. Освен како писател и поет, Хесе обожавал секому да ја дарува својата мудрост и не пропуштал ниту еден ден да не сподели некаков совет. Во продолжение прочитајте како тој размислувал за спротивностите и луѓето кои се целосно различни од нас.

Херман Хесе: Не е наша задача да се приближуваме едни на други

Не е наша задача да се приближуваме едни на други,

како што не се состануваат ниту сонцето и месечината,

ни морето и копното.

Ние двајцата сме, пријателу драг, сонце и месечина,

ние сме море и копно.

Нашата цел не е да се слееме еден со друг

туку да го сознаеме едниот од другиот

и еден во друг да научиме да го гледаме и да го почитуваме она

што тој другиот е: Нашата спротивност и дополнување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар