Хемијата на човековата душа: Топли и моќни цитати од Харуки Мураками

Хемијата на човековата душа: Топли и моќни цитати од Харуки Мураками

Ако сте љубители на книги, тогаш сигурно веќе сте имале можност да се сретнете со некое дело на брилијантниот Харуки Мураками, еден од најпознатите јапонски писатели. Дури и само една книга од него да сте прочитале, вие веќе знаете зошто тој толку се издвојува од останатите. Погледнете дел од неговите мисли кои ќе ви го покажат неговиот уникатен поглед кон светот и луѓето, но и кои длабоко ќе ве замислат.

Хемијата на човековата душа: Топли и моќни цитати од Харуки Мураками

„Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку… Излезе дека не е така. Тие растат преку ноќ.“

„Не постои погрешно мислење. Постојат мислења кои не се согласуваат со нашите. Тоа е сè.“

„Колку сме постари, толку повеќе нешта не можеме да ставиме на свое место.“

„Сè што некогаш било со нас, а потоа исчезне, иако засекогаш исчезнува, остава празнина која никогаш не можеме да ја излечиме.“

„Кога се прегрнуваме, ние ги делиме своите стравови.“

„Кога секоја личност би верувала во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“

„Без разлика колку се трудите, не постои начин да избегате од болката која ја чувствувате кога сте вознемирени.“

„Изразувајте ги вашите чувства. Многу е полошо да ги потиснувате. Тие ќе се насобираат во вас и ќе стануваат сè потешки. На крајот ќе умрете.“

„Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

„Изгледа срцето е скриено зад дебела школка и само неколку луѓе можат да дојдат до него. Можеби поради тоа ми е толку тешко вистински да почувствувам љубов.“

„Искреноста која ја даваме и примаме, како и желбата да помогнеме се најважните нешта.“

„Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.“

„Кога на луѓето им се дава надеж, таа помага да живеат подолго. Без надежта не постои ‘подолго’.“

„Нашата реалноста е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запомниме.“

„Не постои тајна која еден ден нема да експлодира од срцето.“

„Најважното нешто не е некое големо откритие кое другите го сфатиле пред вас, туку малите мисли кои сами ви доаѓаат.“

„Што е осаменоста? Таа е слична на чувството кога за време на дождлива ноќ стоите покрај голем брег и гледате како моќен бран се спојува со морето.“

„Сеќавањата нè греат од внатре. Но, исто така и силно нè болат.“

„Кога долго време гледате во море, почнуваат да ви недостасуваат луѓе. Кога гледате во луѓе, почнува да ви недостасува морето.“

„Секој и сè изгледа убаво кога ги набљудувате од страна.“

„Често се случува најважните нешта на светот да почнат со ситници.

„Движењето во погрешна насока со голема брзина е полошо одошто воопшто да не тргнеме.“

„Кога немате никој со кој би ги поделиле своите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат вас.“

„Ако сè се случува онака како што сте сакале, животот ќе ви стане здодевен.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар