Хаосот во домот може да ви покаже во кој дел од животот имате нерамнотежа

Хаосот во домот може да ви покаже во кој дел од животот имате нерамнотежа

Дури и најуредните луѓе во светот имаат свои слаби точки кога е уредноста во прашање. Сѐ може да им биде во совршен ред, но нешто сепак ќе остават во тотален хаос, барем една фиока. Или пак гардероберот ќе м изгледа како во него да експлодирала бомба. Каде е вашиот неред? Тој открива какви ментални блокови имате во вашата глава, односно во кој дел од вашиот живот немате баланс.

1-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Неуреден гардеробер – Ве мачи носталгија

Неуредниот гардеробер покажува дека и понатаму фантазирате за времињата кога сте биле помлади, послаби, посреќни… Можеби вашите стари фустани, иако не ги носите, ве потсетуваат на времето кога сте се чувствувале како да можете сѐ и дека сѐ е возможно. Не сакате да ги исфрлите, бидејќи не сакате да го изгубите тоа чувство кое ве асоцира на некои подобри денови. Фармерките кои повеќе не можете да ги закопчате можеби ве потсетуваат на деновите полни со забава и излегувања, па ги чувате, иако знаете дека нема смисла. За да живеете со полни гради во сегашноста, морате да го оставите минатото да остане во минатото, да ги насочите вашите мисли кон иднината и да го искористите секој ден на најдобриот можен начин.

2-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Што да направите: Погледнете ги работите во гардероберот. Сето она што не сте го носеле повеќе од 6 месеци, прегледајте го и запрашајте се зошто го чувате. Потоа, она што знаете дека повеќе нема да го облечете, едноставно поклонете го. Ќе се чувствувате подобро.

Работната маса – Слабата точка ви е одложувањето

Куп хартија и сметки на работната маса, како и други работи, може да бидат изговор за избегнување да станете и да продолжете понатаму. Секој пат кога ги занемарувате тие купови, вие всушност избегнувате да се соочите со проблемите или одложувате со започнувањето на новиот проект. Одложувањето само создава притисок, бидејќи некои работи во животот не можете да ги избегнете, заради тоа е подобро да се соочите со нив и веднаш да ги решите.

3-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Што да направите: Разгледајте ја и сортирајте ја поштата веднаш штом ја добиете, она што е за во ѓубре, веднаш фрлете го таму. Истото направете го со документите, листовите и други видови хартија што не ви е потребна, но ја држите насобрана на работната маса. Ќе почувствувате олеснување!

Автомобил – Вашиот проблем е тоа што не поставувате граници

Колку повеќе неред во автомобилот, толку помалку место за вас. Овој вид неред открива дека не поставувате граници, односно дозволувате работите и луѓето да се вселат во секоја област од вашиот живот, па и таму каде што не припаѓаат. Нередот во автомобилот најчесто е првиот знак дека се чувствувате преоптоварено. Тоа би требало да биде вашиот личен простор, а не место за сѐ и сешто. Тоа може да покажува и дека се спротивставувате на потребата да ризикувате понекогаш.

4-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Што да направите: Запомнете, не мора секогаш да кажете „да“ кога некој ќе ве замоли за некоја услуга. Морате да научите понекогаш да кажете и „не“, бидејќи тоа е важно за вашата среќа. Освен тоа, возењето уреден автомобил ќе биде помалку стресен.

Гаража – Вашата слаба точка е склоноста за избегнување

Одложувањето на недовршените проекти во гаражата само покажува дека ви недостига ментална енергија за соочување со тешките задачи, па се одлучувате да ги избегнете. Ви изгледа дека ако нешто потргнете и не можете да го видите, истото и не постои. Со тек на време купот во гаражата само расте и кога тогаш ќе морате да се соочите со него. Нередот само ја исцрпува енергијата од човекот, како и помислата на работите кои треба да се извршат, а стојат на страна.

5-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Што да направите: Земете тајмер и наместете го на 25 минути, па започнете да го решавате нередот во гаражата. Кога тоа време ќе помине, направете пауза од 5 минути. После 4 круга наградете се со подолга пауза. Фрлете го она што е за фрлање, а она што ви е потребно средете го за подобро да се снаоѓате во него.

Таван – Имате проблем со чувството на вина

Чувате секакви ситници на таванот, семејни несакани подароци и работи од вашиот прадедо, честитки, затоа што не сакате да ги фрлите. Меѓутоа, самата помисла на тоа да фрлите нешто од тоа во вас предизвикува чувство како да ја издавате саканата личност, па ви се појавува вина, а тоа со тек на време станува тежок и неудобен емоционален товар. Запомнете, оние кои сте ги сакале, а можеби повеќе не се со вас, не би сакале да се чувствувате лошо заради работите кои и онака не ве прават среќни, туку само собираат прав на таванот.

6-vo-koj-del-od-vashiot-zhivot-nemate-balans-vashiot-nered-go-otkriva-toa-za-vas-www.kafepauza.mk_

Што да направите: Ако имате некои работи на таванот кои ви го разубавуваат денот кога ќе ги видите, секако сочувајте ги. Но, ослободете се од сето она што стои таму непотребно. Подобра идеја е да можете да ги поклоните на некого, на некого за кој таа работа ќе претставува среќа.

Доколку вашиот дом често е неуреден, а вие се запрашувате која е причината за тоа, ви откриваме кои магнети за неред го прават вашиот дом постојано да изгледа неуредно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар