Дечиња од градинка составиле неверојатно смешна книга со ужасни празнични рецепти

Дечиња од градинка составиле неверојатно смешна книга со ужасни празнични рецепти

Децата прават навистина слатки работи кога се во градинка. Носат дома слики кои ги нацртале и книги за читање, а прават и прекрасни проекти со кои се гордее секој родител. Секоја година групата на Кети Холенкамп, учителка во училиште во Илиноис, прави книга со рецепти за Денот на благодарноста. Во книгата има рецепт од секое дете со надеж да се подобри прославувањето во сите домови. Но колку добра може да биде книга со рецепти составена од деца? Можеби нема да сакате да ги пробате, но без сомнение ќе ве насмеат.

Запознајте ги Кети и Мејси Холенкамп

(1)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mk

Кети (лево) е прекрасната учителка на оваа креативна група, а нејзината ќерка Мејси (десно) ги објавила фотографиите од книгата на Твитер за да можат сите да уживаат. Рецептите се чудни, но сите се навистина смешни.

Книгата започнува со вовед за родителите

(2)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mk

Драги родители…

Нашата група од градинка помина многу време разговарајќи за значењето на Денот на благодарноста и за прекрасните оброци кои им ги подготвувате да ги јадат. Разгледавме листа со храна и секое дете одбра неколку за да напише рецепт за нив. Ги запишавме сите рецепти и сега имаме целосно наша книга со рецепти за Денот на благодарноста. Можеби овие рецепти ќе ви помогнат кога ќе ја подготвувате празничната вечера. Госпоѓа Холенкамп.

А погледнете и неколку од рецептите

Мисирката на Карсон
  • 1 мисирка од продавница
  • 10 раце зачини

Ставете ги зачините на мисирката пред да ја ставите во рерна на 50 степени. Гответе 5 часа. Ставете ја на чинија и исечете ја со нож.

Салатата на Бела
  • 5 марули
  • 4 преливи за салата

Ставете ги преливот и салатата во длабок сад. Можете да ја загреете ако е ладна, можеби во микробранова околу 4 минути. Измешајте и проверете да не е премногу топла. Сега ставете ја во друга чинија и јадете!

Пченката на Харпер
  • 20 пченки
  • 33 обични семки

Е па еве како јас правам пченка. Малку е опасно и расфрлано! Ставете неколку дрва и запалете оган. Потоа најдете некој да ви помогне. Гответе ја пченката со печено месо на рерната на огнот. Сега ставете ги семките врз пченката. Кога огнот ќе изгасне, можете да јадете.

Колачињата на Грејси
  • 3 лажички чоколадо
  • 2 лажички шеќер
  • 4 лажички брашно
  • 1 лажичка од кафеното нешто што изгледа како шеќер
  • 1 вода

Прво измешајте сè со миксер или лажица. Мама ги става во рерна. Нашата рерна не е толку жешка. Мислам дека во неа треба да стојат околу 8 минути. Извадете ги и ставете ги на чинија и јадете! Не заборавајте да ја излижете чинијата!

Пирето на Лејла
  • 5 компири
  • 3 литри млеко
  • 5 парчиња путер
  • Малку сол

Можете да ги исечете компирите со виљушка ако се премногу големи. Ставете ги во длабок сад со сите други работи и гответе ги во микробранова околу 5 минути. Измешајте со лажица, па згмечете ги со виљушка. Сега се готови за јадење! Ова ми е омилено јадење.

Во продолжение следуваат уште неколку рецепти во нивната оригинална форма…

(3)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mk

(4)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mk

(5)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mk

Па, дали би пробале некои од рецептиве?

Погледнете ги и овие урнебесни фотографии кои докажуваат дека со децата никогаш не е здодевно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар