Гробниците на персиските фараони
На околу 12 километри од иранскиот град Персеполис се наоѓа овој карпест рид. На значителна висина на карпите се направени прекрасни релјефи посветени на Ахеменидските фараони, кои датираат од првиот милениум пред нашата ера. Овој регион е познат како „Naqsh-e Rustam“ или како Некрополис.„Naqsh-i Rustam“ или преведено „Тронот на Рустам“ е место кое се сметало за свето во периодот на Еламитите. Тука се направени гробниците на четири Ахеменидски фараони и нивните семејства кои владееле од крајот на шестиот до средината на четвртиот век пред нашата ера. Во период од третиот до седмиот век ова место бил главниот центар за славење и принесување жртва.Кај локалното население гробниците се познати како „Персиските крстови“ бидејќи влезот кој води кон некоја од гробниците се наоѓа во крст, издлабен во карпите. Кога Александар Македонски ја покорил Персија, гробниците биле целосно ограбени.Се верува дека гробниците претставуваат вечното почивалиште на Дариј III Велики (владеел во периодот од 522 до 486 п.н.е), Ксеркс I (владеел во периодот од 486 до 465 п.н.е.), Артаксеркс I (владеел во периодот од 465 до 424 п.н.е.) и Дариј II (владеел во периодот од 423 до 404 п.н.е.). За петтата недовршена гробница се верува дека била наменета за Артаксеркс III или за Дариј III, последниот фараон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.