Гробница на дрвја стари 900 години
Кога ќе се споменат дрвја во пустина, веднаш се асоцираме со некоја оаза. Меѓутоа овој случај е различен. Во оваа пустина во Намибија има багремови дрвја кои се стари 900 години и претставуваат потсетници на фактот дека некогаш тоа било плодна почва исполнета со вода. Тие се замрзнати во времето и нивните извртени и згрчени гранки се тотално неподвижни дури и под влијание на сезонскиот ветер.Пустината Дедвлеи привлекува огромен број фотографи кои поминуваат тежок пат со цел да ја фатат таа интензивна убавина. Совршено време за фотографирање е во раните утрински часови кога дрвјата прават силуети на песоците со златно-кајсиеста боја. Често ведрото, блескаво небо, придонесува за чиста дихотомија на боите.Името на оваа пустина произлегува од два јазика. Првиот слог „дед“ е познат во англискиот јазик како мртов, а додека, вториот слог „влеи“ значи езеро или мочуриште на африкански. Панорамскиот поглед на оваа глинена пустина дава впечаток на пресушено езеро. Последен запис за живоста на дрвјата кои се наоѓаат тука е времето кога Вилијам Освојувачот ја нападнал Англија.Овој пустински предел бил формиран со излевањето на реката Цаушаб. Ова придонело за формирање на убави услови за развој на багреми и камилски трн. 900 години подоцна, климата се сменила и Дедвлеи го добил денешното лице – сува пустина каде само овие мртви дрвја се симбол на животот што некогаш постоел.Тоа што се случило подоцна било неверојатно. Органските материи на дрвјата биле постепено заменувани со минерали и на тој начин постанале исушени. Топлината од Сонцето ги исушила тие минерали давајќи им црна боја, па затоа денес тие се црни како јаглен. Всушност, дрвјата не можат да се распаѓаат бидејќи се многу суви.Дедвлеи се наоѓа во близина на познатите солени долини на Сосусвлеи, што во превод би значело „место од кое нема враќање“. Исто така, Дедвлеи се случува да биде опкружена со едни од највисоките песочни дини во овој регион, како што е дината која се нарекува „Големиот тато“. Без сомнение, овие дини придонеле за зачувување на оваа природна убавина. Опкружувајќи ги, придонеле за заштита на дрвјата од песочни бури.Но, природата секогаш наоѓа начин. Оваа долина не е толку мртва како што изгледа. Има голем број пустински бубачки, птици, ноеви и разни други видови. Животните и растенијата успеваат да се одржуваат со помош на утринската магла која од Атланскиот океан патува кон Дедвлеи. Па така, оваа гробница е извонредно место за посета што претставува изгорено сведоштво за сопственото уништување.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.