Гробишта за автомобили кои изгледаат како сцена од ТВ серијата „The Walking Dead“

Гробишта за автомобили кои изгледаат како сцена од ТВ серијата „The Walking Dead“

Овие морничави апокалиптични фотографии многу наликуваат како сцена од хорор филм, но тие се направени на едни од најголемите гробишта за автомобили во светот – гробиштата во Шатијон, Белгија. Според една урбана легенда, овие автомобили биле оставени од американски војници за време на Втората светска војна, кои не можеле да ги земат со нив, па решиле да ги скријат во оваа шума во Белгија и подоцна да се вратат по нив. Но, локалните жители велат дека оваа приказна не е точна и дека станува збор за само едно обично место за фрлање на стари автомобили. Без разлика на приказната, погледнете колку морничаво изгледа ова место…

Гробишта за автомобили кои изгледаат како сцена од ТВ серијата „The Walking Dead“

Во еден момент, во местото Шатијон имало околу 500 стари возила. Но, повеќето автомобили биле украдени од локалните жители, а во 2010, поради заштита на животната средина, гробиштата биле исчистени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар