Грдата страна на Малдивите
Малдивите се познати по своите рајски плажи и беспрекорно чиста вода. И ние на Кафе пауза до сега многупати сме пишувале за тоа во знак на воодушевување. Но, сепак и овие прекрасни острови имаат своја грда страна. Слично како и во нашите туристички центри, така и овде има делови со многу ѓубре.
Алисон Тил, 27-годишна девојка од Хаваи која се занимава со креирање кратки филмови, отпатувала на овој прекрасен архипелаг и се сретнала со Треш Ајленд, или „остров на ѓубрето“, мало вештачко островче каде што се фрлаат отпадоците кои ги создаваат посетителите од целиот архиепелаг. Шокирана од неочекуваната глетка, таа со помош на фотографите Марк Типл и Сара Ли направила серија фотографии со кои се обидуваат да свртат внимание кон отпадот што го оставаат богатите туристи и кон проблемот со неговото складирање и рециклирање.
Алисон инаку поддржува некои организации од Хаваите кои рециклираат отпад со цел да го искористат во модата, пред сè во креирањето бикини и јакни. Дел од сликите се за таа намена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.