Претходно
Грандиозниот врв Матерхорн во Швaјцарија
Матерхорн е голем остар планински врв со 4.478 метри надморска висина на границата меѓу Швaјцарија и Италија. Како еден од највисоките врвови на Пенинските Алпи, Матерхорн е познат и како Монте Цервино на италијански јазик или Мон Цервин на француски. Оваа планина е позната по тоа што повеќе од 500 алпинисти кои се обиделе да ја освојат, загинале поради стрмноста и тежината. За прв пат бил освоен во 1865 година. Овој врв е најзначајниот врв на Швaјцарските Алпи и иако не е највисок, сепак претставува голем предизвик за сите алпинисти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.