Претходно
Графити бар – институција во Глазгов
Барот „Соба“ важи за институција во Глазгов. Опстојува веќе дванаесет години, а својата добра репутација ја заработил благодарение на уникатниот ентериер, вкусната храна и одличните забави.Единственоста на амбиентот во „Соба“ доаѓа од ѕидовите кои се исцртани со графити. Несекојдневната колоритна атмосфера веројатно ја прави одличната азиска кујна повкусна и е причина повеќе за да се посетат предклубските забави кои ги организира домаќинот. Ако некогаш патот ве носи во Глазгов, има два исти барови „Соба“, едниот на Баерс Роуд, а другиот на Мичел Лејн.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.