Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!
Езерото Анси се смета за едно од најчистите и најубавите езера во Европа, а се наоѓа во истоимениот град кој уште е познат и како алпска Венеција поради многуте канали, но и прекрасната архитектура. Градот е вистински бисер на француските Алпи, пред сè поради живописниот пејзаж кои го сочинуваат прекрасните планински врвови и магичното глацијално езеро.
Гратчето се наоѓа во Југоисточна Франција, 35 километри јужно од Женева и 150 километри од Лион. Тоа е идеална дестинација доколку сакате да избегате од гужвите на големите градови. Сигурно нема да ве остават рамнодушни малите мостови, уличките, продавниците и пазарите.
Најпознатата туристичка атракција во градот е замокот Анси, кој денес служи како музеј и е прогласен за историски споменик од страна на Министерството за култура.
Во замокот се изложени многубројни скулптури и слики од локалните уметници, а од посебно значење е колекцијата од 15 век па наваму на мебел, фотографии и макети на алпски планински куќи. Замокот бил изграден меѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи. Во текот на историјата, замокот бил уништен во пожар неколку пати и напуштен во 17 век. Потоа, служел и за потребите на војската сè до 1947 година. Денес во замокот се наоѓа и опсерваторија.
Вреди да се посети и Palais de l’Isle (Островска палата) од 12 век, која некогаш служела и како затвор. Помеѓу езерото и стариот град пак, се наоѓа Мостот на љубовта кој нуди преубав поглед кон езерото, а во близина се наоѓа и паркот Jardins de l’Europe (Европски градини) каде можете да уживате во природата.
Освен тоа, токму овде секоја година во текот на јуни се одржува најстариот фестивал за анимирани фестивали во светот (основан е во 1960 година).
Во секој случај, нема да погрешите со изборот на ова гратче доколку сте во потрага по мало, идилично место кое ќе ви ја долови магијата на Франција.
Откако прочитавте за малото француско гратче Анси, можеби ќе сакате да прочитате и за градот на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.
Извор: punkufer.dnevnik.hr