Говор на тело: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите

Говор на тело: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите

Преку говорот на нашето тело откриваме некои свои страни од личноста, кои можеби не сакаме да ги кажеме на глас. Преку еден потег, едно движење, кое можеби ви изгледа како ситница, откриваме колку ни се важни луѓето кои се околу нас, односно колку сме емпатични. Говорот на телото е еден вид невербална комуникација, којашто вклучува несвесно имитирање на движења, начин на говорење и однесување. Многумина го имитираат говорот на телото на други луѓе, а за тоа воопшто не се свесни и таквото однесување често проаѓа незабележано.

(1) Говор на телото: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите

На пример, кога сте на кафе со пријателката која ви раскажува како ја прекинала врската со момчето и во еден момент ќе се почеша по главата или ќе ги прекрсти нозете, и вие несвесно ќе го сторите тоа. Најверојатно, ниту вие, ниту вашата пријателка ќе забележите дека го имитирате говорот на нејзиното тело. Но, експертите по тоа прашање и тоа како умеат да ги забележат таквите движења и да оценат што точно значат. Имитирањето туѓ говор на телото открива дека станува збор за емпатична личност, односно личност која сочувствува со другите. Правејќи ги истите движења како својот соговорник, сака да создаде интимност и така да му даде до знаење дека се обидува да замисли дека е на негово место. Од друга страна, луѓето кои не го имитираат говорот на телото на другите се сметаат за посебични и помалку емпатични.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар