Големите мудрости на африканските племиња

Големите мудрости на африканските племиња

Најголемите мудрости најчесто се кажани со наједноставни зборови. Африка важи за континент кој покрај тоа што изобилува со прекрасни пејзажи и интересна култура, изобилува и со мудроста на африканските племиња кои своето искуство го споделуваат на едноставен начин, разбирлив за сите. Во продолжение прочитајте ги овие вистинити поговорки кои ќе ве поттикнат на размислување…

Големите мудрости на африканските племиња

„Ако имате цел, ќе го најдете и патот.“

„Ако птицата го клука житото на вашиот пријател, избркајте ја затоа што ќе дојде времето кога ќе го клука и вашето.“

„Ако некој ви каже дека гладот е подобар од ситоста, немојте да му верувате.“

„Подобро е да го задржите непријателот надвор од куќата, отколку да го бркате од неа.“

„Грубите шеги упатени кон пријателот се исто што и предавството.“

„За гасење пожар, не се бара чиста вода.“

„Знаењето е како стебло од баобаб: Еден човек не може целото да го опфати.“

„Кога ви е тешко – плачете, но вашите солзи нека не течат на земјата, би можеле да ја извалкаат.“

„Лагата има седум завршетоци, вистината само еден.“

„Лагата може да нанесе болка 100 пати поголема од копјето.“

„Мудроста не живее само во една куќа.“

„Дозволете му на тој што сака нешто, да продолжи да го сака тоа, затоа што ако му кажете да го остави тоа што го сака, тој и понатаму ќе го сака истото, а вас ќе ве мрази.“

„Преголемата мудрост се граничи со глупоста.“

„Со претерана добрина нема далеку да стигнете.“

„Само глупавиот човек може да го скршат малите работи.“

„Среќен е кртот кој живее под земјата и не го гледа овој свет ваков.“

„Срцето е тоа што нè води и во рај и во пекол.“

„Срцето не е колено за да може да се свитка.“

„Што ќе ни е богатство, ако поради него во секој момент би можеле да ја изгубиме главата.“

„Тоа што нема да го постигнете со викање, ќе го постигнете со молчење.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар