Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природата

Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата

Автор: Александра Чакаровска

Најголемиот геотермален извор во Америка, Големиот призматичен извор, претставува вистинско колоритно чудо создадено од природата. Сместен во Националниот парк Јелоустон, по својата големина е трет во светот, веднаш после природните базени во Нов Зеланд. Пронајден е во 1871 година, а името го добил токму поради своите бои, кои гледани низ призма наликуваат на прекрасно виножито. Сина, зелена, жолта, портокалова, црвена и кафена се боите кои му даваат оригинална убавина на овој природен извор.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаПричина за разнобојноста на Големиот извор се пигментираните бактерии кои се размножуваат околу рабовите на водата којашто е богата со минерали. Овие бактерии создаваат бои од зелена до црвена нијанса, а која боја ќе доминира зависи од односот на органските пигменти хлорофил и каретеноид, како и од температурата на водата. Во лето, доминираат портокаловата и црвената боја, а во зима обично преовладува темно зелената боја. Центарот на изворот е стерилен поради екстремната жештина, а неговата неверојатна сина боја доаѓа од бојата на самата вода, која е многу нагласена заради нејзината чистина и длабочина во овој дел.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - коалоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природата

Погледнете го изворот и одблиску, како да се наоѓате таму.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар