Големата сина морска дупка во Белизе
Ако некогаш, случајно се најдете во Белизе, не пропуштајте ја шансата да ја посетите Големата сина дупка, едно од најубавите природни светски чуда.Таа има скоро идеална кружна форма, и со своите 125 метри длабочина и дијаметар од 300 метри, претставува најголемата природна морска дупка и дефинитивно ретко видлива атракција. Според анализите од научниците, таа се создала пред околу 65.000 години, поради наглото зголемување на морското ниво.Претставува едно од најпосетуваните туристички атракции во регионот, а особено е атрактивно за нуркачите. Тие таму можат да наидат на многу пештери и редок животински и растителен свет, кој може да се најде само на ова место.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.