Глупавите проблеми на развиениот свет
И животот во развиениот свет со себе си носи секојдневни проблеми кои носат горчина во животот на некои луѓе. Иако не се тоа големи проблеми од типот на недостаток на финансиски средства или недостаток на вода за пиење, сепак има нешта кои нивните животи ги полнат со стрес. Овие твитови се доказ за тоа.

Морав да се разбудам затоа што жената што ми пегла требаше да дојде А СÈ УШТЕ НЕ Е ДОЈДЕНА

Покривката на базенот не може да се отвори како што треба, каква штета

Штотуку испив чај со млеко од соја. Тоа беше една од најлошите одлуки во мојот живот.

Чистачката не дојде минатата недела. Се надевам дека наскоро ќе се појави затоа што корпата е речиси полна.

Морав да ја намалам светлината на ајпадот затоа што ме болеа очите

Преку глава веќе од производите на Епл.

Имам мала расекотина на „ајпад“ прстот. Секој твит е агонија, ама јас храбро издржувам.

Лупењето калинки мора да е една од најболните задачи во светот

Тука сите имаат БМВ, Лексус, Мерцедес или Рејнџ Ровер. Се џверат во мене и мојот џип затоа што знаат дека не припаѓам овде

Нема веќе анасон во продавницата. Катастрофа.

Испив премногу масло од тартуфи. Знаевте ли дека е лаксатив?

Дали постојат стерео системи со вграден Спотифај? Ме нервира што морам да ја стартувам ајфон апликацијата и да го вклучувам постојано.

Би сакал моите родители да престанат да ги расфрлаат парите од моето наследство на е*ени модерни јогурти. 12 фунти неделно е глупаво.

Ааааахх, мојот бешамел сос нејќе да се згусне

Не можам да го запомнам името на мојата чистачка.

Мислам дека ставив премногу вода во киноата.

Мојот паричник е премал.

Разочарана сум од мојата прва масажа во Индонезија. Немаше многу масирање, туку повеќе притискање на одредени точки и допирање со прстите. Премногу меко за мој вкус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.