Гледате квадрат на сликава? Одговорот на ова прашање кажува многу за вашите политички уверувања

Гледате квадрат на сликава? Одговорот на ова прашање кажува многу за вашите политички уверувања

Едно неодамнешно истражување кое било објавено во списанието „Journal of Personality“ ни ја покажува поврзаноста помеѓу начинот на кој луѓето размислуваат за некои форми и нивните политички уверувања. Пред вас се наоѓа една форма за која многумина тврдат дека е квадрат, додека други мислат дека бидејќи не е затворено геометриско тело, во никој случај не може да биде квадрат. Всушност, она што го гледате на сликата, говори многу за вас и вашите ставови.

Дали на оваа слика гледате квадрат? Одговорот на ова прашање кажува за вашите политички верувања

Во истражувањето учествувале околу 2.000 возрасни лица кои биле замолени да кажат дали гледаат совршени или несовршени геометриски форми. Исто така, им биле покажани и облици на кои им фали еден дел и кои биле „несовршени“. Притоа, собрани биле и податоци за тоа колку луѓето биле конзервативни или либерални по природа. Тие биле испитани колку строго би требало да се казнуваат криминалците и дали треба да им се помага на бездомниците.

Научниците утврдиле дека поконзервативните луѓе се помалку чувствителни на несовршеност и построго ги осудуваат криминалците. Од другата стана, луѓето кои биле почувствителни на несовршеност, повеќе го поддржувале помагањето на бездомниците и поблаго ги казнувале криминалците. Тајлер Окимото, авторот на оваа студија објаснува:

„Ние веруваме дека ова истражување ја рефлектира генералната тенденција на конзервативците да ги осудуваат девијантните цели како ‘различни од нормата’, во споредба со либералите, кои помалку ги осудуваат ваквите девијантни цели, независно дали станува збор за криминалци, корисници на рекреативни дроги, бездомници, геј двојки, па дури и геометриски фигури. Како резултат, поверојатно е конзервативците да мислат дека ваквите групи треба да се соочат со построги казни, отколку либералите.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар