Гледањето видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што сте

Гледањето практични видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што сте

Во изминативе години, видеата „направи сам“ и туторијалите земаа голем замав и станаа многу популарни на сите социјални мрежи. Тие се снимени така што ни се чини дека секој домашен проект може да се направи лесно, па ни даваат лажна самодоверба дека можеме и самите да го направиме тоа. Секако, не треба да заборавиме дека овие видеа се за масовна употреба, а често зад нив стои професионална или аматерска продукција.

Гледањето практични видеа може да ве излаже дека сте поспособни отколку што сте

Учењето од видеа е лесно, сè додека само се гледа

Многумина, ако гледаат едно практично видео неколку пати, мислат дека ќе можат правилно да го изимитираат и да го направат она што се прави. Но, гледањето видеа не создава знаења, исто како што и не може да се научи занает ако само го гледаме занаетчијата што прави. Луѓето кои ќе изгледаат едно видео повеќе пати, сметаат дека веќе научиле сè што е потребно за тоа да го применат, но за жал, покажале слаби резултати при првиот обид за реализација на проектот што го гледале.

Самодоверба и гордост

Овие видеа изгледаат толку лесно остварливи, што кај оној кој гледа се појавуваат самодоверба и гордост, дека може да го направи успешно тоа што го гледа. Сепак, реалната работа е нешто повеќе од гледање видеа од удобноста на фотелјата. За што било да направиме, потребно е најпрво да вежбаме и да се обидеме да го копираме знаењето од видеата.

Затоа, следниот пат кога ќе видите некој „направи сам“ проект, туторијал или рецепт за нешто вкусно, размислете добро и проценете ги своите можности. Многу е веројатно дека нема да успеете при првиот обид, па ќе мора да си дадете и по неколку шанси за да може да го реализирате она што сакате.

Погледнете ги овие 3 забавни трикови што можете да ги направите сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар