Главната разлика меѓу богатите и сиромашните луѓе лежи во тоа како го поминуваат слободното време
Психолозите отсекогаш се сомневале дека парите го менуваат начинот на кој луѓето се однесуваат со другите. Според некои истражувања, богатите луѓе не се толку сочувствителни и потешко стекнуваат доверба. Меѓутоа, најновите откритија одат чекор подалеку.
Истражувањата спроведени на Универзитетот во Минесота покажуваат дека колку се луѓето побогати, толку помалку време имаат за дружење. Имено истражувачите земале предвид повеќе критериуми како на пример колкав е нивниот приход и колку често го поминуваат времето со нивните роднини, соседи и пријатели. Истражувачите исто така следеле и други фактори на влијание како што е грижата за децата за да бидат сигурни дека луѓето кои имаат пониски примања не поминуваат повеќе време со роднините и соседите од проста причина што не се во можност да си дозволат дадилка. Резултатите докажале дека луѓето со повисоки примања помалку се дружат навечер и многу помалку време поминуваат со други луѓе во текот на денот.
Интересно е тоа што кога истражувачите ги делеле социјалните категории откриле дека иако луѓето со повисоки приходи поминуваат помалку време со роднините и соседите, поминуваат повеќе време со пријателите. На пример, не мораат да ги замолат соседите да внимаваат на нивната куќа додека се на одмор затоа што користат разни системи за надзор и аларми, па така комуникацијата со нив е ограничена.
Како што луѓето стануваат побогати, така стануваат поиндивидуализирани, односно помалку комуницираат со другите и помалку се дружат. Но, треба да ги имате на ум и следниве две работи. Прво, научниците признаваат дека не можат во целост да докажат дека високата заработка е причина за тоа што луѓето поминуваат помалку време во друштво, но сепак постои некоја поврзаност. Второ, треба да се земе предвид фактот дека истражувањата не го мереле степенот на осаменост, што е многу поразлично од тоа човек да поминува време сам.
Според сето ова, истражувањата не алудираат дека сте осудени на самотија откако ќе заработите многу пари, туку само дека станувате попребирливи кога се работи за изборот на луѓе со кои сакате да го поминувате времето.