Ги практикувате ли и вие овие лоши навики во вашата бања?
Бањата е можеби најинтимниот дел од сечиј дом. Многу е важно таа секогаш да е убаво исчистена и дезинфицирана, затоа што во неа се развиваат голем број бактерии. Честото миење и капење создаваат влага, која е добра основа за развој на „непожелни гости“ во вашиот дом. Но, голем број луѓе, иако се грижат за чистотата, сепак практикуваат одредени навики за кои не се свесни, а можат во голема мера да влијаат на нивното здравје.
1. Чувате повеќе четки за заби во една чаша?
На овој начин многу лесно се пренесуваат бактериите од една на друга четка. Покрај тоа, на дното од чашата живеат повеќе „чудни организми“ отколку меѓу влакната на четките.
2. Дали го оставате бричот на кадата или во туш кабината?
Тоа воопшто не е паметна одлука, затоа што влагата на жилетот овозможува појава и проширување на бактерии и рѓа. Кога го оставате во кабината, тоа значи дека впива влага, а со тоа станува и небезбеден за користење.
3. Дали сапунот е сместен во затворен сад?
Правите грешка доколку сапунот го чувате во сад, кој е целосно затворен. Така оставате добра основа за развој на бактерии. Внимавајте сапунот да го чувате во сад кој има дупки.
4. Дали редовно ја чистите кваката од вратата на бањата?
Особено треба да се внимава да се чистат кваките. Замислете, сите што биле во вашата бања, вклучувајќи ве и вас, ја отвораат и ја затвораат вратата, притоа допирајќи ја кваката со своите дланки, кои можеби не се секогаш најчисти.
5. Дали четките за пудра, жилетите и другиот прибор го оставате директно на полиците?
Отворените полици во бањите многу често се загадени од голем број бактерии кои се насобираат при допир со дланките или при пуштањето вода во тоалетната школка. Затоа следниот пат размислете каде ги оставате вашата четка за нанесување пудра, памукчињата, жилетите. Бактериите преку нив лесно можат да преминат на вашата кожа.
6. Дали имате навика да закачувате пешкири еден врз друг?
Ако го правите тоа, можете и буквално да си ја помирисате грешката. Доколку на тој начин ги чувате пешкирите, тогаш не им оставате можност да се исушат и постои можност да развијат мувла. Исто така, многу е важно, крпите да ги перете по две или три користења.
7. Дали пуштате вода со кренат капак на тоалетната школката?
Ако вашиот одговор е „Да“, тогаш значи дека не сте ја гледале епизодата на „Доктор Оз“ посветена на ова прашање. Капакот има функција да ги задржува капките кои со голема брзина излегуваат од школката при пуштањето вода. Тоа значи дека доколку капакот е отворен, голем број бактерии, лесно можат да достигнат и до најоддалечените места во бањата и да ги загадат четките, крпите…
8. И на крај, но бидете искрени, дали ова го читате додека седите на тоалетната школка?
Денес е сосема нормално секаде да одиме со нашите телефони, но бидете внимателни. Доколку имате навика да седите во бањата со вашиот телефон, потрудете се редовно да го бришете со средство за дезинфекција.