Ги чувствувате емоциите на другите исто како да се ваши? 30 знаци дека сте емпат
Емпатите се луѓе кои се под силно влијание од енергијата на оние околу нив, па токму затоа и имаат способност интуитивно да ги чувствуваат и перципираат другите. Овие луѓе се под постојано влијание од желбите, мислите и расположението на другите, но да се биде емпат е многу повеќе од силна чувствителност на одредени емоции. Емпатите можат да почувствуваат и физички симптоми, како и спиритуални нагони, а во некои ситуации дури и можат да ги откријат мотивите и намерите на другите луѓе. Па, дали и вие сте емпат? Погледнете ги следниве 30 знаци…
1. Знаете работи без да ви бидат кажани. Вие едноставно чувствувате нешта кои никој претходно не ви ги кажал. Оваа способност ја надминува интуицијата, бидејќи вие не се сомневате во нешто туку едноставно го знаете тоа.
2. Јавните места ви претставуваат проблем. Сите оние места каде што има многу луѓе, како трговските центри, маркетите или стадионите ги исполнуваат емпатите со силни и турбулентни емоции кои постојано ги преземаат од другите.
3. Ги чувствувате емоциите на другите исто како да се ваши. Ова е една од најголемите карактеристики кои ги опишуваат емпатите. Без разлика колку се оддалечени од вас, големи се шансите дека вие ќе знаат точно што тие чувствуваат.
4. За вас е неподносливо да гледате насилство, суровост или трагедија на телевизија. Токму затоа многу често сте целосно исклучени од светот и од она што моментално се случува во него.
5. Вие знаете кога некој не е искрен со вас. Доколку некој ваш близок се обиде да ве излаже, вие истиот момент ќе му/ѝ дадете до знаење дека знаете што тој/таа се обидува да направи.
6. Можете да ги преземете физичките симптоми на другите. Емпатите скоро секогаш можат да преземат и развијат различни видови болести, како настинка, инфекција на очите или пак, болки во телото. Особено кога станува збор за блиска личност.
7. Често имате дигестивни нарушувања и проблеми со долниот дел од грбот. Токму на овие места тие ги чувствуваат сите емоции, па тоа може да доведе и до ослабување на областа проследена со различни видови проблеми како чирови и хронични болки.
8. Секогаш сте насочени кон оние на кои им треба помош. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, вие едноставно не можете да одолеете да им помогнете на оние кои страдаат.
9. Многу често луѓето ги „истураат“ своите проблеми на вас. Понекогаш тоа го прават дури и непознати личности. Емпатот со тек на време станува „контејнер за ѓубре“ во кој се собираат проблемите на сите, па доколку не внимава, може целосно да се изгуби себеси во сиот тој хаос.
10. Постојано чувствувате умор. „Енергетските вампири“, кои често го наоѓаат својот пат до емпатите, постојано црпат енергија од нив. Оваа енергија понекогаш не може да биде вратена дури ни со спиење.
11. Вие имате тенденција да развивате различни видови зависности. Алкохол, дрога, секс… Ова се само мал број од зависностите кои емпатите често ги развиваат со цел да ги блокираат емоциите на другите. Тоа е еден вид заштитен механизам за да се скријат од светот.
12. Ве привлекуваат сите метафизички нешта. И покрај тоа што многу емпати сè што би сакале да направат е да им помогнат на другите, многу од нив со тек на време и едукација се оддалечуваат од оваа нивна способност. Некои дури и не знаат дека се емпати, па токму затоа и се намалува нивниот интерес за сите оние нешта кои не можат да бидат објаснети.
13. Вие сте креативни. Без разлика дали станува збор за пеење, танцување, цртање или пишување, емпатите имаат силна креативност и живописна имагинација.
14. Вие ја сакате природата и животните. Најдобро се чувствувате кога сте излезени во природата, на чист и свеж воздух. Уште подобро ви е ако покрај вас имате и милениче.
15. Имате потреба од самотија. Емпатот кој постојано е опколен со луѓе, одвреме-навреме мора да најде време за себе со цел да остане при здрав разум.
16. Лесно ви досадуваат нештата ако не сте стимулирани. Без разлика дали станува збор за работа, училиште или за домот, вашиот живот мора да биде интересен со цел да не се изолирате во вашите мечти и фантазии.
17. Вие не можете да ги правите оние нешта во кои не уживате. Едноставно чувствувате дека би живееле во лага доколку го сторите тоа.
18. Тежнеете за вистината. Емпатите се во постојана потрага по вистината, сакајќи да го осознаат светот околу нив најточно што можат.
19. Секогаш барате одговори. И никогаш не престанувате да трагате по знаење. Да имате неодговорени прашања е толку фрустрирачко што има моќ да ве отфрли од вистинскиот пат во вашиот живот.
20. Вие сакате авантури, слобода и патувања. Емпатите се слободни духови.
21. Не ви е проблем да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни. Сите нешта кои ја изгубиле својата функција во животот на еден емпат веднаш се отфрлени со цел да не го забавува во животот и да не го блокира текот на енергијата.
22. Вие обожавате да мечтаете. Емпатот може да го набљудува ноќното небо со часови, пренесувајќи се во сопствен свет кој е бескрајно среќен.
23. Сметате дека рутините, правилата и контролата ве гушат. Сè што би можело да ја спречи вашата слобода е како отров за вас.
24. Вие сте склони кон трпење многу повеќе од она што можете да го издржите. Како инаку би можеле да се справите со сите оние емоции кои луѓето ги фрлаат врз вас?
25. Вие сте одлични слушатели. Емпатот никогаш нема да зборува за себе доколку пред него не се наоѓа личност која ја смета за многу блиска. Тие исто така обожаваат да учат што е можно повеќе за другите и да ги спознаваат во целост, па токму затоа никогаш не би ве прекинале во зборување.
26. Вие немате толеранција за нарцисите. И покрај тоа што емпатите се познати како личности со висока толеранција, тие едноставно не сакаат да бидат во близина на егоисти кои секогаш се ставаат самите на прво место.
27. Имате способност да ги чувствувате деновите во неделата. Почетокот на продолжен викенд може да го чувствувате како целиот свет да ви се смешка, додека пак секој понеделник за вас е како еден студен зимски ден во кој сите се кријат од лошото време.
28. Вие никогаш не би купиле користени нешта. Вие верувате дека сите нешта кои некој пред вас ги користел, ја носат енергијата на таа личност, па токму затоа и преферирате да поседувате мебел или автомобил кој не содржи остатоци од туѓа енергија.
29. Можете да ја почувствувате енергијата на храната. Многу емпати не сакаат да јадат месо бидејќи можат да ја почувствуваат енергијата на животните, особено на оние кои страдале за време на својот живот. Токму затоа и не им се допаѓа вкусот.
20. Понекогаш делувате срамежливо, далечно и исклучено. Емпатите се склони на брза промена на расположението доколку впиле премногу негативни емоции за краток временски период. Токму затоа во овие моменти тие можат да делуваат тивко, недостижно, па дури и мизерно.
Ако се пронајдовте во поголемиот дел од овие ситуации, тогаш вие со сигурност сте емпат.