Генетски комбинации: Што наследуваме од родителите?
Некои карактеристични црти како што се големината на носот, ушите или стапалата се пренесуваат од една генерација на друга, каде за првите две е одговорен таткото, додека големината на прстите на стапалата зависи од генетската структура на мајката.
Според неколку научни студии и истражувања, делумно се потврдува дека ќерките повеќе личат на татковците, а синовите на мајките. Машките деца од мајката наследуваат само еден икс хромозом, богат со наследен материјал кој го одредува физичкиот изглед, додека татковиот икс хромозом не содржи ваков вид гени. Кај девојчињата, пак, ситуацијата е сосема поразлична. Тие добиваат по еден икс хромозом од двата родители, што им овозможува да личат подеднакво и на мајката и на таткото.
Бојата на косата и очите исто така се одредува од генетските комбинации. Тука постојат неколку биолошки закони според кои е скоро невозможно родителите со изразито темни очи да добијат синооко дете. За разлика од нив, луѓето со посветла боја на коса и посветли очи можат да добијат потомци кои ќе имаат сини, зелени или сиви очи. Доколку двата родители имаат светла боја на коса и детето ќе има светла нијанса. Ако еден родител има темна, а другиот светла коса, тогаш детето ќе има или темна коса или ќе добие некоја средна нијанса. А, доколку еден од родителите има кадрава коса, тогаш голема е веројатноста и детето да ја наследи оваа карактеристика.