Game About Squares: Забавна заразна игра со квадрати

Game About Squares: Забавна заразна игра со квадрати

Ако сакате едноставни логички игри кои ги предизвикуваат вашата концентрација и способност за размислување неколку чекори однапред, сигурно ќе ви се допадне „да си го губите времето“ со Game About Squares.

По концептот наликува на 2048, најзаразната игра на интернет, но правилата и самата содржина многу се разликуваат. Овде идејата е да ги направите вистинските потези со стрелките на тастатурата така што секој квадрат да дојде врз соодветното крукче. Делува прелесно на прв поглед, но играта ќе ве предизвикува на секое следно ниво и ќе ве тера сè повеќе и повеќе да размислувате.

Покрај тоа што можете да ја играте онлајн и притоа резултатот да ви биде автоматски зачуван во прелистувачот, можете да ја симнете и како апликација за андроид, ајфон и виндоус смартфони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар